Маќедонци: Косово е на само чекор од полноправно членство во НАТО

May 27, 2024
1 min read

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, по денешното гласање во Парламентарното собрание на НАТО, каде Косово го унапреди статусот од набљудувач во придружна членка, вели дека сега Косово е на само чекор од полноправно членство во НАТО, што, според него, „секако ќе влијае на стабилизацијата на Балканот“, јави дописникот на МИА Приштина.

По денешната одлука на ПС на Северноатлантската алијанса, напиша Маќедонци на својата страница на Фејсбук, Косово отсега натаму ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ кој се третира во тоа тело.

„Од денеска, со одлука на Парламентарното собрание на НАТО, Собранието на Република Косово има статус на придружна членка на НАТО. Така, Косово отсега ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ со кој работи Собранието на НАТО. Со оваа одлука Косово е на само еден чекор од полноправно членство во НАТО, што секако ќе влијае на стабилизација на Балканот“, напиша Маќедонци.

На Парламентарното собрание на НАТО, кое од 25 до 27 мај се одржува во Косово, денеска беше донесена одлука за унапредување на статусот на Собранието на Косово од членка-набљудувач во придружна членка. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Смени или поделби во Академијата за судии и обвинители?

Следно

Столтенберг: Одбраната, Украина и глобалните партнерства во фокусот на самитот на НАТО во Вашингтон

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop