Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ?

April 10, 2023
2 mins read

Денеска во 10 часот, пред Собранието на Македонија Македонското археолошко друштво (МАД) организираше протест против гласањето на измените на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, не смеете да дозволите заобиколување на постоечките правни норми, и институционалниот систем кој државата ги изградила да го штити културното наследство, кое е од исто толку голем јавен интерес како и инфраструктурните проекти, и уставно загарантирана темелна вредност, која се заштитува во секакви околности и на целата територија. Не смеете да дозволите надзорен инжењер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташка и уништи кутурно наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење‟.

Господа пратеници, отворете ја Археолошката карта и ќе видите дека во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети, кои не се случајно откритие. Што со нив? И со нив ли ќе постапува надзорен инжењер? Па, Законот за заштита има предвидени одредби за постапување со културното наследство при изведување на инфраструктурни проекти, кои важат за сите, а треба да важат и за овој проект.

Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции кои се ратификувани во оваа држава ќе прекршите со дигањето рака „за‟ овие измени? Господа пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривнично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото.

Потенцираме за јавноста, дека со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10, не е само културното наследство во ставено во опасност, туку 8 други сфери во општеството регулирани со посебни закони, што е во спротивност со начелото на правна сигурност и владеење на правото. Впрочем, уставноста на овој ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ, од кој потекнуваат овие небулозни измени во Законот за заштита, не без причина е оспорен од Државната комисија за спречување на корупција уште во 2021. Цитирам: „Законот е со висок ризик за корупција и судир на интереси и ВО СУШТИНА ГО СУСПЕНДИРА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.‟ Дали Уставниот суд со донесување на одлука за непостапување на иницијативата на антикорупционерите направил „превид‟ и дозволил еклатантно урнисување на правниот поредок во државава заради нечии профитерски амбиции?

На крајот, господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? Ги повикуваме претседателот на државата, г-динот Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство водржавава, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и димпломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, која со децении е клучен соујзник на државата во зачувување на културното наследство и подигнување на свеста на граѓаните за неговото значење преку бројните проекти финансирни со амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. Не постои начин, ниту било какви средства на светот што ќе можат да го вратат уништеното културно наследство, кое не е само наше, туку е светско и треба да го оставиме за идните генерации“, велат од Македонското археолошко друштво.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕМА ДА ЈА УЗУРПИРАМЕ ФИЛХАРМОНИЈАТА, ЌЕ ВЕЖБАМЕ И СВИРИМЕ КОГА ТАМУ НЕМА КОНЦЕРТИ, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЏЕЗ МУЗИЧАРИ

Следно

Европа не смее да попушти под притисокот и да стане „следбеник на Америка“

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop