Македонските одбојкари ја пречекуваат Грузија

August 15, 2025
1 min read

 

Македонската одбојкарска репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026.

Во Скопје ќе гостува Грузија, а македонскиот национален тим е фаворит и ќе бара максимална победа од 3:0 во сетови.

 

Притоа ќе треба да се внимава и противникот да освои што е можно помалку поени.

Ова од причина што по завршувањето на дуелите од претпоследното коло од квалификациите (вчера) македонскиот тим е во борба за едно од петте втори места од седумте групи што носат пласман на Европското. Конкуренти за тоа место се репрезентациите на Австрија и на Норвешка, кои имаат идентичен скор (една победа, два пораза сет количник 4:6, но нашиот тим има подобар поен количник од ривалите).

 

Од диретните конкуренти во последното коло Австрија в сабота гостува кај Азербејџан, додека Норвешка игра на гости против Црна Гора в недела од 19 часот.

Натпреварот на „црвено-жолтите“ против Грузија почнува во 20 часот, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.

 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК избира заменик – претседател

Следно

Активни два пожари, вкупно 29 во изминатите 24 часа

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop