Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ

February 20, 2025
1 min read

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1:0.

Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.

Ова беше своевиден реванш за поразот (1:3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена.

Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинско семејство произведува леб меѓу урнатините на својата куќа уништена во израелските напади

Следно

Таравари: 300 специјализанти ќе бидат вработени во првата, а уште толку во втората половина од годинава

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop