Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН

October 22, 2023
1 min read

реклама


Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

-Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.

реклама

Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

Ѓурѓај вели дека првото издание на германска јазик од оваа брошура, е отпечатено во декември 2019 година.

реклама

  • Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.

За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.

реклама

  • Воедно, за нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа, посочува Ѓурѓај.

МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска а кој завршува денеска.

Друштвото „Илинден” член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници луѓе ширум светот даваат поддршка за Палестина

Следно

E talentuara Atika Ameti nuk ka të ndalur – vjen me kreacionin e saj të tretë brenda 6 muajve

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop