Македонски национален центар АСИТЕЖ официјално стана дел од АСИТЕЖ Интернационал

August 25, 2023
1 min read

Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, формиран од страна на Театарот за деца и младинци и приватниот театар „Бабец“ од Битола, официјално стана членка на Меѓународната асоцијација за детски театри АСИТЕЖ Интернационал.

АСИТЕЖ Интернационал е светска водечка организација од областа на детско – младинската театарска продукција, промовирана и иницирана од Обединетите нации, кога првпат се донесува повелбата за правата на децата во која се вели дека „секое дете има право на достоинствен живот“.

Организацијата е важен сегмент за нашата детско – младинска театарска продукција, затоа што преку неа ќе можеме да бидеме видливи не само регионално, туку и светски. Можностите за соработки, работилници, семинари, фестивали се само дел од придобивките што во иднина ќе ги има детско-младинската продукција на нашата земја, а особено значајно ќе биде видливоста и валидноста на нашите квалитетни дела што ги создаваме низ светот, изјави Јулијана Миреческа, претседателка на АСИТЕЖ Македонија.

Во соработка со АСИТЕЖ Македонија, во Битола од 3 до 7 август годинава се одржа 12. Интернационалниот детски театрски фестивал „Битолино“ во организација на „Бабец“ театарот, а во најава е и соработката со 2. Интернацонален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на ТДМ, закажан за 27 до 30 септември во Скопје.

Управниот одбор на АСИТЕЖ Македонија, во кој членуваат Драгана Милошевска – Попов, Васко Мавровски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак, на состанокот одржан во рамките на фестивалот „Битолино“, донесоа одлука за иницирање Национален фестивал на детски театри – со натпреварувачки карактер, што би се одржувал секоја година во некој од центрите од внатрешноста, потоа работилници наменети за наши актери, режисери, театарски работници и низа други активности што ќе имаат за цел уште повеќе да ја популазираме оваа уметност, која е основата за сите други културно – уметнички профилирања.

Упатуваме повик до сите театарски уметници, индивудалци, здруженија и друг вид театарски компании кои творат во областа на детско – младинската театарска продукција, да се приклучат на нашата организација АСИТЕЖ МАКЕДОНИЈА и со заеднички сили, транспарентно и квалитетно да ја претставиме нашата квалитетна детска театарска сцена во светот. Сите идни членови во организацијата, ќе бидат вклучени во Надзорното тело на организацијата во кое сега членуваат Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Благој Мицевски, соопштија од АСИТЕЖ Македонија.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лога: САД сакаат да нѐ видат во Европската Унија

Следно

Што пол си оваа сезона?

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop