Македонски доктори ќе учат од врвни светски хирурзи: Обука во ТОАРИЛУЦ за комплексни операции

September 2, 2024
1 min read

Центарот за спинална хирургија, при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) ја обнови обуката за лекари и среден персонал.

-Во рамките на таа обука пет врвни светски хирурзи и професори ќе доаѓаат и заедно со македонските доктори ќе вршат комплексни операции на болести на рбетниот столб. Тоа е подржано од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, информира директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Деновиве Проф. Д-р Ufuk Aydinli, трауматолог/ортопед од Бурса, Турција и Д-р Бобан Јоксимовиќ, неурофизиолог од Белград, Србија, заедно со македонскиот тим ќе извршат пет операции на рбетен столб.

-Имав можност и лично да им посакам добредојде, заедно со Д-р Игор Мерџаноски, Проф. Д-р Марија Срцева и  Игор Николов. Според Д-р Уфук Ајдинли, со 2-3 години континуирана обука во Скопје би можело да се оперираат најголем дел од комплексните операции, со многу ретки исклучоци. Обуката има двојна вредност, прво се врши едукација на македонски лекари кои во иднина треба самостојно да вршат комплексни операции, второ веднаш се заштедуваат значајни средства бидејќи овие пациенти би биле упатени на лекување во странство, истакна тој.

Овие пет операции во странство би чинеле вкупно околу 250.000 евра, а сега ќе се извршат дома во Македонија за мал дел од тој износ.

-Со одговорно и домаќинско работење до повеќе здравствени услуги дома, за значајно помали трошоци, вели Клековски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Со отворање на подрачната единица во Јегуновце докажуваме дека Министерството е сериозен сервис на земјоделците

Следно

Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните средни училишта

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop