Македонската влада чека политичка влада во Софија за деблокада на евроинтеграциите

January 8, 2025
1 min read

Обновени преговорите за нова влада во Бугарија – најавени интензивни разговори со одлука до петок. 

ГЕРБ – партијата на Бојко Борисов, денеска, порача дека преговарачки тим предводен од Росен Желјазков, има зелено светло за преговори со БСП – Обединета левица и Има таков народ . Порака и до Демократска Бугарија – ГЕРБ ќе преговара, само доколку поддржат редовна влада со премиерот Росен Желјазков. 

Тома Биков, ГЕРБ-СДС –  Наш главен и единствен приоритет во овој момент е да формираме редовна влада која ќе биде политички одговорна и зад која стои јасно политичко мнозинство. Како што се прави во нормална политичка ситуација. Се надевам дека ќе ги прекинеме експериментите и ќе почнеме да работиме како што налагаат правилата на политиката.

Преговорите за нова влада во Бугарија прекинаа пред два дена, откако Демократска Бугарија прво го отфрли името  на Бојко Борисов за премиер, а потоа и Росен Жељазков, кој  важи за еден од најдоверливите луѓе на Борисов.

Атанас Зафиров БСП – Многу аналитичари тврдат дека евентуални нови избори нема да ја сменат структурата и таа ќе биде уште потешка. Ние од БСП избравме да работиме, затоа и учествувавме во преговорите за редовна влада. БСП е категорична дека на нејзината земја и треба нова влада. Мора да се собере сета национално одговорна енергија.

Во меѓувреме Румен Радев изјави дека на партиите ќе им даде уште малку време да се разберат, пред да врачи мандат за состав на нова влада.

И додека во Софија веќе се анализира дека се поголеми се шансите за нови избори на пролет, во Скопје и понатаму се чека стабилна влада во Бугарија. Премиерот Мицкоски порача дека им посакува да се надминат разликите и да се формира политичка влада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

Следно

Две тела пронајдени во делот за тркала на патнички авион што слетал во Флорида

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која
Go toTop