Македонска премиера на „Ескорт“ на Лукас Нола, снимен во копродукција со Скопје филм Студио на „Браќа Манаки“

September 22, 2023
1 min read

Долгометражниот игран филм „Ескорт” на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, направен во копродукциска соработка со Скопје Филм Студио ќе ја доживее македонската премира во рамките на овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, кој годинава ќе се одржи од 23-ти до 29-ти септември во Битола.

Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25-ти септември, понеделник од 17:00 часот.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Ароганцијата, примитивизмот и насилството – од институционален, политички, економски, верски и културен вид – доминираат во општеството и ги диктираат речиси сите негови правила. Оваа доминација не е секогаш гласна и очигледна; често е прикриена и речиси незабележлива, но секогаш е тука. Мојата немоќ и немоќта на луѓето околу мене ми создаваат премногу фрустрации. Мојот гнев кон себе што ја прифатив оваа ситуација е инспирацијата што ме натера да ја напишам и снимам оваа приказна ќе изјави Лукас Нола во режисерската експликација за филмот.

Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ – монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на Игор Поповски . Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица Јуриќ Тилиќ а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу.

Главните улоги ги толкуваат Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар.

„Ескорт“ е копродукција на Кинорама од Хрватска со Скопје Филм Студио и Бука Продукција од Косово, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за Кинематографија.

 

Светската премиера на „Ескорт“ се случи на 18-ти јули годинава на јубилејното 70-то издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска, каде доби 2 награди „Златна Арена“, за Најдобра споредна машка улога на актерот Крешмир Микиќ и за Сценографија на Иван Вељача, додека на Лукас Нола му беше доделено Специјално признание од оценувачкиот суд на Кино Мрежа.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп, сообраќајот во прекин!

Следно

Во Тирана загрижувачка појавата меѓу младите кои консумираат азотен оксид во балон

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.
Go toTop