Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

May 9, 2025
1 min read

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио.

„Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот силен уметнички профил, креативна визија и меѓународна кариера, таа е идеален избор за улогата, а дополнителен бонус е што таа веќе има доверлив и позитивен однос со нашите пејачи“, изјави Ким Бор, директорка на Државниот радиодифузен сервис.

„По пет години во Скандинавија, имам огромна почит кон единствената хорска традиција во регионот и возбудена сум што ќе ги истражувам богатите музички корени на хоровите на Данското Радио. И двата ансамбла се меѓународно познати по нивниот препознатлив звук,  вкоренет во силна традиција и ценетото данско наследство на песни, кое ќе продолжиме да го почитуваме“, изјави Митревска

„Од витално значење е да продолжиме да гледаме напред. Со работа со денешните композитори, можеме да помогнеме во обликувањето на хорската музика на утрешнината и да ги инспирираме идните генерации“, изјави диргентката.

Елена Митревска заврши студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, каде дипломира со почести.

Митревска е член на Хорот Арнолд Шенберг во Виена седум сезони, при што работи на оперска и концертни репертоари со диригенти како што се Николаус Харнонкурт, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ретл, Рене Јакобс и Корнелиус Мајстер, меѓу другите. Од 2012 година таа е асистент-диригент и хор-мајстор во истиот хор за концерти и оперски продукции во Theater an der Wien.

Во декември 2014 година ја добива наградата од Фондацијата Ервин Ортнер за промовирање талентирани млади музичари во областа на хорското диригирање.

Митревска диригира со оркестри како што се камерниот оркестар Jeunesses Musicales Macedonia, Виенскиот камерен оркестар, Македонската филхармонија, Овиедо Филхармонија и Оркестарот на Операта во Малме. Во ноември 2022 година поканета е како диригент во продукцијата на Дон Џовани во Операта во Овиедо. Таа е хор-мајстор во истата од 2016 до 2020 година, а гостин хор-мајстор во Националната опера Лион, Франција во 2021 година. Од 2020 година ја врши истата функција во Операта во Малме, каде што има претстојни продукции, вклучувајќи ја улогата на диригент за операта Кармен од Жорж Бизе во сезоната 2025/26.

Митревска е редовно канета да работи на проекти со Хорот на Данското национално радио и Данскиот национален вокален ансамбл.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црешите во Македонија над 1.300, во Србија „само“ 370 динари

Следно

Костовски: Разочарани членови од Знам се враќаат во СДСМ

Latest from Blog

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болните времиња во бракот“.

Арапско Море: САД соборија ирански дрон

САД, според наводите на Пентагон, собориле ирански дрон во Арапското Море. Дронот се приближил до носачот на авиони УСС Абрахам Линколн на „агресивен“ начин, објави американската војска. Дронот од типот Шахед 139 продолжил да лета

Трамп сака да се затвори поглавјето Епштајн: „Америка мора да гледа напред“

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака дебатата околу скандалот со Џефри Епштајн да се затвори, по најновото објавување на досиејата поврзани со починатиот финансиски магнат и осуден сексуален

Во Абу Даби продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина

Првата рунда трилатерални разговори се одржа во средината на јануари, додека последователниот состанок закажан за минатата недела беше одложен. Се очекува украинската делегација во Обединетите Арапски Емирати повторно да биде предводена од

Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар,
Go toTop