Македонија во Рим по ново изненадување, дали може да се повтори Палермо?

November 16, 2023
1 min read

реклама


-Се наоѓаме во Рим, во италијанската престолнина, каде фудбалската репрезентација на Македонија в петок ќе се соочи со Италија. Селекторот Боби Милевски пристигна со сите фудбалери, но од друга страна италијанскиот тренер Спалети има проблем во одбраната бидејќи во последен момент е повреден Алесандро Бастони“, вели репортерот на ТВ21, Артан Нухиу.

Македонија стана голем проблем за селекцијата на Италија. „Аѕурите“ никако да победат против Барди и дружината. Во последните два меча меѓу овие две репрезентации, Македонија еднаш ја победи Италија на мечот во Палермо, во баражот за пласман на СП и еднаш одигра реми во Скопје во овие квалификации за ЕП. Сега повторно истото соочување, но мечот се игра во главниот град на Италија, на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Фудбалерите на Македонија ќе го завршат европскиот циклус за квалификации без шанси да обезбедат место на ЕУРО2024, бидејќи освоија 7 поени од 6 натпревари и се на претпоследното место во групата Ц. Црвено-жолтите овие квалификации ќе ги затворат со дуелот против Англија.

Од Рим за ТВ21, Артан Нухиу

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Нови детали за масовното незаконско легализирање станбени згради во Чаир

Следно

Спасовски го посети Заев во неговата Фондација

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop