Македонија снемува наставници по математика

March 14, 2024
1 min read

Недостигот на наставници по математика во основното и средното образование веќе е загрижувачка појава. На Меѓународниот ден на математиката наставниците по овој предмет набројуваат неколку фактори кои го намалиле интересот на младите за изучување на математиката. Тоа се условите во училиштата, ниските плати, вреднувањето на трудот и малиот број часови, особено во стручните училишта.

„Има ученици кои навистина сакаат да учат математика и имаат добри оценки, сакаат да продолжат понатаму, но имаат само два часа неделно. Ова е општ проблем во нашиот систем, прво треба да го зголемиме бројот на часови по математика, а не да го намалуваме ако сакаме да напредуваме во овој поглед и да квалификуваме што повеќе наставници по математика. Во медицинските насоки, во трета и четврта година не постои како предмет, што сметам дека е погрешно. Утре, кога ќе предава, треба да има шема што треба да ја запомни, а не да чита од книга. Ова е она што го учиме по математика, да го научиме мозокот да учи комплицирани шеми кои потоа ќе ги применува во секоја сфера“, рече Зенафер Бајмак, наставник.

Професорот Агим Рушити е критичен кон наставните програми во училиштата. Според него, програмите по математика не се соодветни за возраста на децата, па тие немаат никаква корист, напротив.

„Секоја година имаме проблеми со учебниците, да не зборуваме за внатрешноста како се поставени. Тие не се компатибилни со наставната програма, тие се на многу повисоко ниво за знаењето на учениците, самите концепти кои се разработени внатре во учебникот, зборувам за математиката не се на ниво да биде достапна, разбирлива за возраста на која е посветена. Ако се обидеме како автори на учебници во научна смисла да разјасниме дефиниција, која е премногу тешко да ја разбере ученикот, во зависност од тоа кој текст и за која возраст е посветен, тоа прави повеќе штета отколку корист за самите ученици“, вели Агим Рушити, професор.

На Природно-математичкиот факултет оваа учебна година немаше доволно интерес за нови студенти ниту за математика, ниту за физика, хемија и биологија.

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами

Следно

Шестмина тетовчани силувале малолетничка која не наполнила 15 години

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop