Македонија продолжува да гори: 16 пожари, активен еден во Јасен; затворен пат кон Македонски Брод

August 12, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи утринава (12 август, 07:00) јави дека на територијата на државата се регистрирани 16 пожари на отворен простор: активен е еден, еден е под контрола, а 14 се изгаснати.

Активниот пожар е во подрачјето на Јасен (општина Македонски Брод) и зафаќа мешана шума. Под контрола е ставен пожарот на линијата с. Челопеци – с. Миокази. Поради пожарната состојба, целосно е затворен патниот правец од Брезница, преку НП „Јасен“, до Македонски Брод.

Во изминатите часови се изгаснати 14 пожари на повеќе локации, меѓу кои: Сарај (отпад), Табановце (ниска вегетација), Врапчиште, Ломница и Калиште (мешана шума), делови од Тетово (ниска вегетација и ѓубре), Кочани (м.в. „Трајаново трло“), Долно Дупени – Ресен (дабова шума и ниска вегетација), Старо Коњарево – Ново Село, Бучин – Крушевско, Теарце, Романовце, како и Шишево, Арачиново и Прилеп (ниска вегетација).

Надлежните апелираат на исклучителна внимателност при движење и активности во природа: избегнување отворен пламен, правилно отстранување отпушоци и строга почит кон забраните за движење низ шумски подрачја каде што важат временски рестрикции. Високите температури и сувиот воздух го засилуваат ризикот од нови пожари и од брзо ширење на постојните.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Орце Ѓорѓиевски со Коце Трајановски: „Најдоброто за Скопје допрва доаѓа“

Следно

Комплетно реновирана Клиниката за урологија, зголемен медицински тим, современи практики и хумана грижа за пациентите

Latest from Blog

Фото на денот на СП: Еве што правеа Јапонците по мечот во Далас!

ФОТО:facebook.com/www.SportsJOE.co.uk Ништо ново, само повторување зошто Јапонците како народ и Јапонија како држава и нација се нешто посебно. По последниот свиреж во Далас,на мечот со Холандија, јапонските навивачи не брзаа кон излезите.

ВЛЕН: Го избравме обединувањето наместо поделбите

Од коалицијата ВЛЕН порачаа дека нивното формирање не било резултат на потребата за уште еден политички субјект на албанската политичка сцена, туку од стремежот за обединување на политичката енергија и волјата на
Go toTop