Македонија има со што да се гордее: Нашиот карате мајстор Дејан Милошевски освои злато на УСА Опен, а неговиот јуниорски тим бронза

April 25, 2025
1 min read

На најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД – УСА опен, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, тимот на Милошевски маршал артс (Меган, Бони, Сиена и сенсеи Дејан) двапати успеаја гордо да го развиорат македонското знаме и да ја претстават Македонија на глобалната сцена.

-Младата надеж Бони го освои бронзениот медал во дисциплината кати на Интернационалниот јуниорски куп – неверојатно достигнување за неа и нашиот тим, особено што ова беше нивни прв настап на глобално ниво. Меган и Сиена дадоа сè од себе– борбено, достоинствено и со срце полно гордост. Како нивен сенсеи, не можев да бидам погорд, вели нашиот карате мајстор и нивни тренерт во САД Дејан Милошевски.

Во сениорската конкуренција, сенсеи Дејан, по неколку години со повреди и посветена тивка подготовка, се врати на татамито со една цел – да го даде максимумот и да ја покаже силата на македонскиот дух. Во 2018 и 2021 година беше бронзен во дисциплината кати – сите стилови, а во 2021 година беше златен во дисциплината кати- шотокан, оваа година успеа да го постигне највисокото признание – златен медал во кати (сите стилови).

-Ова злато беше повеќе од лична победа – тоа беше симбол на непоколеблива решителност, на верата во напорната работа и доказ дека македонското срце чука силно и далеку од татковината, вели Милошевски кој настапи на овој престижен американски натпревар.

Дејан Милошевски

Дополнително, со огромна чест и одговорност, беше и дел од судискиот тим на ова натпреварување, судејќи три дена од утро до вечер, и учествуваше во иницијалната селекција за квалификациите за Државното првенство во јули. И покрај заморот, најде време да го даде најдоброто од себе и како натпреварувач.

-Честитките што ги добив лично од претседателот на Американската федерација за карате, како и од бројни тренери, судии и натпреварувачи, беа уште едно признание дека вистинскиот авторитет се гради со пример, а не со зборови. Многумина беа изненадени од фактот дека судија може да вежба и настапува со таков квалитет – но тоа е токму пораката: никогаш не престанувај да се бориш за својата визија“, вели Милошевски и додава:

„Овој успех го посветувам на сите Македонци во дијаспората, на оние кои не забораваат од каде потекнуваат. Како карате амбасадор и промотор на Македонија и македонската заедница во САД, мојата мисија е јасна – да ги инспирирам младите, да изградиме генерации со карактер, и да ја носиме Македонија со себе, секогаш и секаде.

Успехот секогаш останува, но патот до него е тој што се памети и прераскажува – за да ги инспирира следните генерации да сонуваат, да веруваат, и да успеваат“.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ОН го подигнаа новото знаме на Сирија во седиштето во Њујорк

Следно

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop