МАКЕДОНИЈА Е МАЛА ЗЕМЈА, А ИМА ТОЛКУ МНОГУ УСПЕШНИ МУЗИЧАРИ НИЗ СВЕТОТ, ВЕЛИ ПИЈАНИСТКАТА ИЛИНКА МАНОВА ПРЕД НАСТАПОТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

August 5, 2023
1 min read

„Во мојата татковина секогаш се враќам со радост. Ценетоста почнува од почитта кон тоа од каде потекнуваш. Со големо внимание ги запознавам сите мои колеги и пријатели од целиот свет за Македонија преку македонските композитори, кујна, традиција, танц и ритам“, вели пијанистката Илинка Манова, која вечерва настапува во црквата „Света Софија“ заедно со американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен во рамките на Охридско лето.

Според неа, Македонија има традиција и високи стандарди за изучување на класичната музика.

„Колку мала земја сме, а имаме еден куп успешни луѓе кои работат и творат не само на овие простори, туку и во целиот свет. Како уметник кој веќе три децении живее надвор од Македонија сакам повеќе да си помагаме и да ги поддржиме младите музичари преку работилници, концерт, совет, време или внимание“, додава Манова.

За тежината и одговорноста на еден уметник да настапи на врвните сцени вели дека треба многу труд, посветеност и ангажираност.

„Работиме темелно на секое дело кое го изведуваме за да ги разбереме точно јазикот на композиторот и неговата идеја како таа музика преку нашите инструменти би звучела и би се пренела на публиката. Подготовките траат неколку месеци пред самиот настап“, вели Манова.

Манова живее и работи во САД. Добитничка е на повеќе награди, а љубовта и страста кон музиката ги преточува во суштинско изучување на оваа уметност. Првите образовни стадиуми ги завршила во Скопје во класата на проф. Валентина Нолчева, а потоа продолжила да студира во Келн и во музичката школа „Менхетн“ во Њујорк. Добитничка е на полна стипендија за нејзините студии на САНИ, каде стекна титула магистер и уметничка диплома. Во моментов е запишана на докторски студии по музичка уметност на Универзитетот во Конектикат.

Како солист и камерен музичар има настапено во Париз, Рим, Бон, Келн, Женева, Белград, Љубљана, Скопје и во повеќе градови во источна Европа, и САД. Последниот настап на Охридско лето го имаше во 2001.

С. ВРЕНЦОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиол: Среќен сум, не мора повеќе да размислувам како да го сопрам Халанд

Следно

Новиот Бог- климатските промени

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop