Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба „Defender Europe 23”

May 18, 2023
1 min read

Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”.

Како што информираа од Министерството за одбрана на денешниот брифинг во касарната „Илинден“, „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Од Министерството велат дека преку изведување на активностите на вежбата, Армијата на Република Македонија ќе оствари повеќе придобивки како споделување на знаења и вештини, подобрување на способноста на нашите армиски единици за изведување на големи вежбовни активности со сојузниците на повеќе локации и региони, проверка на подготвеноста и меѓусебната оперативна синхронизираност низ широк спектар на речиси симултани операции кои се изведуваат во повеќе региони, зголемување на интероперабилноста со сојузниците на сите нивоа во изведување на операции, потврдување на можностите на нашите армиски капацитети за изведување на секаков вид вежбовни активности и употреба на најсофистицирани воени средства, како и демонстрирање на моќта и единството на НАТО Алијансата за одржување на безбедноста на секоја педа сојузничка територија и една милијарда луѓе во светот.

Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки”.

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.

Од Министерството за одбрана дополнуваат дека, поради заштит на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Мечка шета низ улиците на Сараево

Следно

Мотоциклист удри во паркирано возило во Скопје, едно лице е тешко повредено

Latest from Blog

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која

Меџити најавува револуција во Чаир: Над 760 илјади евра за нови улици и зелени површини

Населбата Топана во Чаир ќе добие значајни инвестиции од над 760 илјади евра за реконструкција на улиците и урбаната инфраструктура. Проектот вклучува нов асфалт, современи тротоари, целосно ново осветлување, паркинзи и зелени

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје не се случајни, некој создава вештачка криза пред избори

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека постојат основани сомнежи дека пожарите кои деновиве избувнуваат околу Скопје се намерно подметнати за создавање вештачка криза во пресрет
Go toTop