Mакедонија 2025: По најавениот градежен бум, инвестициите за да не бидат промашени, мора да се во корист на бизнисот

May 12, 2025
2 mins read

Отворено, без да се поштеди никој и без вообичаената воздржаност карактеристична за вакви собири, извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска Блажевски кажа дека сè уште немаме консензус каква пазарна економија сакаме, дека бизнисите се борат за да ги користат јавните ресурси, а не да создаваат нови. Работниците се борат за минимална плата, а не за стекнување на нови вештини кои ќе им овозможат повисоки плати и дека системот на социјална заштита не мотивира 90.000 лица да бараат работа, во време кога имаме недостаток од работна сила, вели Мојсовска Блажевски. Поради ова, Македонија не чекори брзо како нејзините соседи.

„Сето ова создаваше циклус на стагнација. За жал, многу години по почетокот на транзицијата, ако гледаме главната мерка, тоа е бруто домашниот производ по глава на жител, состојбата не е така добра. Денес, нашиот бруто домашниот производ по глава на жител е околу 42% од просекот на Европската Унија.“, вели Никица Мојоска Блажески.  

Посебна болка се капиталните инвестиции кои најчесто се само на хартија. Сега се најавува нов инвестициски бран од неколку милијарди евра, но за да не бидат овие градби промашена инвестиција, од нив мора бенефит да има стопанството. Нивите профити и добро работење ќе ги враќаат парите со кои државата ќе се задолжи за изградба.

„Она што е најважно е дека постојат разговори меѓу владата и приватниот сектор за тоа што е приоритетно за приватниот сектор. Знаете дека многу компании особено од специфични индустрии се соочуваат со предизвиците на инфраструктурата бидејќи не можат брзо, лесно и евтино да ги извезуваат своите производи. “, додава Никица Мојоска Блажески. 

Дополнително, огромен проблем е корупцијата, која според истражувањето на „Македонија 2025“ е 40 отсто или половина милион лица во државава дале поткуп. Затоа едно од решенијата е дигитализацијата. Од оваа организација веруваат дека планот на владата за дигитализација до 2030 година е остварлив.

„Недостатокот кај нас е во фокусот и стратегијата во сите области на живеење. Не може дигитализацијата да биде движена само од лидерите во технолошките сектори. Таа всушност треба да биде вплетена во стратегијата на сите области на живеење. Дали е тоа социјала, дали е здравство, дали е индустрија, дали е земјоделство, дали е граѓански права…“, вели Васко Кроневски.

Премиерот Христијан Мицкоски пак порача секој што ќе се соочи со корупција веднаш да ја пријави, без разлика дали во неа се замешани и високи претставници на владата. Тој истакна дека ги прифаќа критиките и дека нормално е граѓаните да барата брзи резултати, а на Влада е да работи.

„Имајќи ги првичните индикатори, индустриското производство, туризмот и останатото, не би се изненадила ако имаме меѓу 3,5 и 4%, што ќе претставува раст на бруто домашниот производ, еден од водечките во Европа, и не можеме ние наеднаш да направиме целосна трансформација, бидејќи нашите трговски партнери се земји кои ќе имаат раст на бруто домашниот производ или негативен, или меѓу 0 и 1%“, вели Христијан Мицкоски.

Мицкоски во рамките на самитот имаше средби и со неколку исклучително значајни светски бизнисмени како што се Џанкарло Девасини од Тетер и Крис Павловски од Рамбл.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

Следно

Израелскиот министер Коен: Планот за протерување на Палестинците од Газа „сè уште е на маса“

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop