Мајкрософт мора да плати казна во САД поради прекршување на санкциите

April 7, 2023
1 min read

Американското Министерство за финансии во соопшти дека го казнува Мајкрософт со 3,3 милиони долари поради кршење на санкциите.

Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.

Тие ги прекршиле санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството.

Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на Мајкрософт, соопшти Министерството за финансии, предупредувајќи на слабости во процесот на проверка на Мајкрософт.

Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим.

Министерството за финансии на САД забележува дека Мајкрософт соработувал и дека признал дека ги прекршил правилата.

Мајкрософт нагласи дека соработувал во истрагата и додаде дека е задоволен од спогодбата.

„Мајкрософт“ многу сериозно ја сфаќа контролата на извозот и почитувањето на санкциите и затоа, откако дознавме за пропустите и прекршувањата на неколку вработени во процедурите за верификација, доброволно го пријавивме тоа кај властите“, изјави портпаролот на софтверскиот гигант.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Такер: Отиде Америка во сиромаштија

Следно

Шведската полиција уапси четворица под сомнение за тероризам

Latest from Blog

Актерка за првото сексуално искуство: „Беше непријатно, не знаев како изгледа кондом“

 Во нејзиниот подкаст „Очајно посветени“, 60-годишната актерка откри дека како тинејџерка не била подготвена да ја изгуби невиноста, а целото искуство се случило на прилично необично место. Незгоден момент во креветот на

Голем неделен хороскоп од 27 октомври до 2 ноември

Оваа недела открива динамична и трансформативна космичка енергија, со влијание на Скорпијата и транзитот на Меркур во Стрелец. Оваа недела носи мешавина од страст, јасност и нови перспективи. Владетелите како Марс, Јупитер

Леверкузен сигурен пред своите гледачи

Екипата на Баер Леверкузен забележа нова победа во осмото овогодинешно коло од Бундес лига шампионатот откако денеска на свој терен со 2:0 го совлада тимот на Фрајбург. Квалитетот на домашните не дозволи
Go toTop