„Мајкрософт“: Кинески хакери упаднаа во мејловите на американската влада

July 13, 2023
1 min read

Стејт департментот и американското Министерство за трговија во изјавите рекоа дека тие се меѓу погодените агенции

Хакери поврзани со кинеската држава тајно пристапиле до сметките на електронската пошта на околу 25 организации од мај, вклучително и најмалку две американски владини агенции, откри „Мајкрософт“.

„Соединетите Држави го открија хакирањето на сметките на федералната влада прилично брзо и успеаја да спречат дополнителни хакери,

рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во интервју за „Добро утро Америка“ на Еј-би-си.

Стејт департментот и американското Министерство за трговија во изјавите рекоа дека тие се меѓу погодените агенции.

Обемот на прекршувањето не беше веднаш јасен, но висок функционер на американската влада им рече на новинарите дека би било неправедно да се спореди со Солар виндс (SolarWinds), широката серија на дигитални пробиви откриени кон крајот на 2020 година, за кои беа обвинети руските сајбер-шпиони.

„Овој упад не треба да се споредува со Солар виндс“,

рече претставникот, нарекувајќи го новооткриениот напад „многу потесен“.

Американски официјален претставник изјави дека не може да ја коментира одлуката на „Мајкрософт“ да го припише хакирањето на Кина.

„Мајкрософт“ во соопштението рече дека хакерската група – наречена „Сторм-0558“ – фалсификувала дигитални токени за автентикација за пристап до сметките на електорнските пошти што работат на сервисот Аутлук на компанијата. Активноста започна во мај, соопшти „Мајкрософт“.

„Мајкрософт контактираше со сите целни или компромитирани организации директно преку нивните администратори и им даде важни информации за да помогнат во нивната истрага и одговор“,

додаде компанијата.

Кинеска амбасада: САД се глобален сајбер-крадец

Кинеската амбасада во Лондон го нарече обвинението „дезинформација“, а американската влада „најголемата светска хакерска империја и глобален сајбер-крадец“. Кина рутински негира вмешаност во хакерски операции без оглед на достапните докази или контекст.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ, рече дека прекршувањето на безбедноста на облакот на „Мајкрософт“ „влијае на некласифицираните системи“ без да наведе детали.

„Официјалните лица веднаш го контактираа ‘Мајкрософт’ за да ги пронајдат изворот и ранливоста во нивната облак-услуга“,

додаде Хоџ.

Експертите за сајбер-безбедност од приватниот сектор рекоа дека новооткриената хакерска активност покажува како кинеските групи ги подобруваат своите сајбер-способности.

„Кинеската сајбер-шпионажа отиде многу подалеку од тактиките ‘скрши и зграпчи’ со кои многумина од нас се запознаени“,

рече Џон Хултквист, главен аналитичар во американската компанија за сајбер-безбедност „Мандиант“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден му се заблагодари на Ердоган за неговата храброст, лидерство и дипломатија по договорот за Шведска

Следно

ПСЖ подготви 100 милиони евра за Хари Кејн

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop