Мајка и син спасени од под урнатините 101 час по земјотресите во Туркије

February 10, 2023
1 min read

ДИЈАРБАКИР (АА) – Во јужниот турски град Дијарбакир, дури 101 час по разорните земјотреси окарактеризирани како „катастрофа на столетието“, од под урнатините се спасени мајка и син, известува „Анадолу“.

Спасувачките екипи во населбата Баглар, во Дијарбакир, од под урнатините ја спасија 32-годишната Себахат Варли и нејзиниот 10-годишен син Серхат.

Мајката и синот по извлекувањето се префрлени во болница.

„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

АФАД објави дека во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕК за БНТ: Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии

Следно

Нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани во Гази Баба

Latest from Blog

Објавено видео од бегството на осомничениот за убиството во Кирк, во тек е масовна потрага

Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а

Дневен хороскоп за петок, 12. септември 2025

Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот
Go toTop