Мај годинава просечно топол и нормално врнежлив

June 4, 2024
1 min read

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Северна Македонија, месец мај годинава се карактеризира како просечно топол и нормално врнежлив со исклучок на источниот дел од државата, каде се измерени поголеми количества врнежи во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 10,3°С во Лазарополе до 19,2°С во Гевгелија. Споредено со просечните мајски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната била просечна, околу 16 °С, на ниво на држава.

– Највисоката максимална температура беше измерена на 22 мај во Гевгелија и изнесуваше 30,0°С. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 5 мај и изнесуваше 1,2 °С, соопшти УХМР. 

Во мај 2024 година месечната сума на врнежи во државата варирала од 33 милиметри во Струмица до 131 милиметар во Крива Паланка.

– Максимално дневно количество на врнежи од дожд, од 33 милиметри, беше регистрирано во Охрид на 19 во месецот. На повеќе места во државата, како Велес, Куманово, Тетово и други беше забележана појава на град, нагласуваат од УХМР.

Споредено со мајската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од УХМР, измерената месечна сума на врнежи беше просечна, поточно околу 65 милиметри на ниво на држава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на Палестинците загинати во израелските напади во Газа од 7 октомври се зголеми на 36.550

Следно

Имање деца е кардиолошки проблем за мажи, ама па ги држи во живот

Latest from Blog

Битола: Усвоен Деловникот и програмата за превенција на детско престапништво

ОНа денешната седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво (ОСПДП) на Општина Битола, беше конституиран новиот состав на Советот, со обновен мандат и јасна определба за унапредување на системскиот пристап

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на

Димитриеска-Кочоска: „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија

6 април 2026 година, Скопје  – Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи. „Стандард и Пурс“ изврши редовен полугодишен преглед

Истражување: Шпанците го сметаат Трамп за поголема закана по светскиот мир од Путин

 Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува најголема закана за светскиот мир, поголема дури и од рускиот претседател Владимир Путин или израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, покажува најновата анкета објавена денеска
Go toTop