Маестрална изведба на „12“ на МНТ на Охридско лето

July 18, 2025
1 min read

Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар  играјќи ја претставата „12“  работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана  на денешницата од  режисерот Синиша Ефтимов.

Претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште е всушност е декларација за човечката неспособност и некомпетентност.

Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени слоеви, со различни погледи и ставови, се соочија меѓусебе обидувајќи се да донесат правична пресуда.

Дванаесетчлената порота, по презентирањето на доказите од страна на обвинителството и одбраната, имаше задача да одлучи дали да осуди или да ослободи момче  кое е обвинето за убиството на неговиот татко.

На почетокот сите се убедени во вината на обвинетиот, но еден поротник со своите сомнежи кон докажаното ја започнува интензивната и жолчна  дебата  во поротничката соба во која почнаа да излегуваат на виделина  предрасудите, стереотипите и стравовите на секој од  поротниците.

Публиката уживаше во феноменалната игра на актерите Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов/Нино Леви Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Тие преку своите ставови, мислења, емоции го отсликаа денешното општество со сите негови вредности, но и недостатоци и маани.

Сценографијата за театарската претстава „12“  за која имаше огромен интерес на „Охридско лето“ е на Мартин Манев, музиката на ПМГ Колектив, а костимографијата на Александар Ношпал.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„НЕТФЛИКС“ ПОТВРДИ ДЕКА ПРВПАТ КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ НА СНИМАЊЕТО

Следно

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари, и се јавил „лекар“ од Градска болница

Latest from Blog

Се огласи Тимоти Шаламе по историската номинација за Оскар

Номинациите беа објавени вчера, а меѓу истакнатите беа голем број познати актерски имиња, пишува Дејли Меил. Историскиот успех на Тимоти Шаламе 30-годишниот Шаламе ја доби својата трета номинација за најдобар актер, овој пат

ПОВЕЌЕ ОД 100 ЛИЦА УАПСЕНИ НА КОСОВО ПОРАДИ фалсификување на парламентарните избори

Повеќе од 100 лица беа уапсени на Косово под сомнение за фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември, а беше наредено пребројување на сите гласови, објави во петокот обвинителот

Борче Марковски пуштен од притвор, битолскиот Суд ја објаснува одлуката – еве колкава гаранција дал

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен
Go toTop