Мачорот Реис на рамото на својот сопственик ги посетува историските и туристичките места низ Истанбул

December 28, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – ШАДУМАН ТУРКАЈ – На рамото на својот сопственик, мачорот Реис веќе три години ги посетува историските и туристичките места на Истанбул, јавува Анадолу.

Фитнес-тренерот Хакан Емра секојдневно ги посетува знаменитостите како што се џамијата Аја Софија, џамијата Султанахмет, Момината кула и плоштадот Таксим заедно со својот мачор, кој од неговото рамо ги набљудува луѓето и околината.

Реис привлекува огромно внимание кај локалните жители и туристите, кои често застануваат да се фотографираат со него.

Хакан со мачорот Реис често патува во трамвај, брод или оди на прошетка со него.

Во изјава за Анадолу, Емра вели дека мачорот го добил пред три години од еден негов ученик, кога бил стар само два месеци.

Иако на почетокот не сакал да го чува, поради желбата на неговото семејство го прифатил и му го дал името Реис.

„Со Реис имаме врска како татко и син. Имам 11-годишен син, но за Реис сум приврзан исто како за него“, изјави Емра, велејќи дека тој е дел од нивното семејство, а со љубовта што му ја пружиле тој исто така станал приврзан кон нив.

Емра вели дека се чувствувал непријатно кога го оставале мачорот дома сам и дека тој треба да излегува со нив, по што почнал да го изнесува надвор постепено, при што мачорот се приспособил на оваа ситуација и веќе никаде не оделе без него.

– „Најмногу сака да спие на моето рамо“ –

Емра вели дека Реис посетил повеќе места во Истанбул од многу жители на градот, додавајќи:

„Го однесов на сите позначајни места во градот – од Кузгунџук и Бешикташ, до Ортаќој и Султанахмет. Најмногу сака да спие на моето рамо додека се движиме низ улиците“, изјави Емра.

Туристите често го запираат Емра за да се фотографираат со Реис, изразувајќи восхит како мачорот може толку мирно да стои на неговото рамо. Емра верува дека таа доверба доаѓа од љубовта и почитта што ја покажува кон својот миленик.

„Кога го гледаат, многу луѓе се изненадуваат и прашуваат како успеав да го научам да стои на рамо. Им велам дека тоа е резултат на љубов и грижа“, вели тој.

– Желба да присуствува на натпреварот на Галатасарај заедно со мачорот –

Емра вели дека е навивач на Галатасарај и дека на шампионската прослава на својот тим отишол со својот мачор, но дека досега не успеале да присуствуваат на натпревар на стадион.

Велејќи дека на стадионот не бил дозволен влез на миленици, Емра рече: „Не можевме да одиме на натпреварот бидејќи не го пуштија да влезе на стадионот. Би сакал да ја доживеам таа атмосфера со него“.

Тој вели дека уште повеќе го засакал Истанбул, откако шета заедно со мачорот.

„Почнав да го сакам Истанбул уште повеќе откако е тој со мене. На пример, кога јадеме или пиеме кафе, го оставам да седи на маса, може да остане и до 5 часа, не станува. Понекогаш добивам реакции од луѓето, ‘Зошто седи на маса, животното е валкано?’. Луѓето треба да знаат дека мачките се најчисти животни на земјата. Ова малку те растажува“, изјави тој, велејќи дека животните бараат само љубов и грижа, а за возврат ја даваат својата искрена приврзаност, па затоа луѓето треба да се однесуваат добро кон нив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот

Следно

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација, таа станува проблем и за самата ЕУ

Latest from Blog

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново
Go toTop