МААЕ алармира за влошена безбедност во украинската нуклеарна централа Запорожје

August 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Ситуацијата со безбедноста се влошува во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, откако напад со дрон го погоди патот околу периметарот на централата, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесува Анадолу.

Претходно, Мисијата на МААЕ за поддршка и помош во Запорожје беше информирана од официјални претставници во електраната, лоцирана во област под контрола на Русија, дека експлозив што го носел дрон експлодирал до границата на заштитеното подрачје на објектот.

Местото на експлозијата било блиску до клучнни акумулации со разладна вода и речиси 100 метри од далноводот Днипровска, единствената преостаната линија од 750 киловолти која ја снабдува централата со електрична енергија.

Мисијата на МААЕ веднаш изврши увид во подрачјето и потврди дека штетата најверојатно е предизвикана од дрон кој носел експлозив. Иако немаше жртви и влијание врз опремата на централата, експлозијата го оштети патот помеѓу двете главни порти на објектот.

МААЕ, исто така, истакна дека била зголемена воената активност во близина на централата во текот на изминатата недела.

„Повторно гледаме ескалација на опасноста од нуклеарна небезбедност и сигурносните опасности со кои се соочува нуклеарната централа Запорожје“, рече шефот на МААЕ Рафаел Маријано Гроси.

„И понатаму сум крајно загрижен и го повторувам мојот повик за максимална воздржаност од сите страни и за строго почитување на петте конкретни принципи одредени за заштита на централата“, додаде Гроси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ќе ја преполови воената помош за Украина

Следно

Напорите за гаснење на пожарите се интензивираат во шумските пожари во западните делови на Туркије

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop