Љутков : Ќе го вратиме сјајот на Стоби, културното богатство со особено значење за промоција на државата и развој на туризмот

January 16, 2025
2 mins read

Ова културно богатство има особено значење за афирмација и промоција на нашата држава, како и за развој на туризмот, што е стратегиска определба на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура и туризам, рече денеска министерот Зоран Љутков, при посетата на археолошкиот локалитет „Стоби”, во рамките на промоција на туристичка винска тура.

– Република Македонија е земја со голем број археолошки локалитети, богато движно и недвижно културно наследство од различни периоди. Токму затоа ми претставува особено задоволство што денеска сум во посета на нашиот најголем и најзначаен археолошки локалитет и да се запознаам со работата на оваа национална установа, додаде тој.

Министерот истакна дека Стоби е од особено значење за развојот на транзитниот туризам. Но, како што нагласи, во изминативе седум години Стоби не го добил потребното внимание и финансиски средства за програма и за капитални проекти и инвестиции.

– Овој локалитет е стратешки за Република Македонија бидејќи е и најважен во Република Македонија и бидејќи се наоѓа на стратешко место а тоа е на автопатот Е75 и многу е важен за развој на културниот туризам во Македонија. Морам со жалење да кажам дека изминативе седум години воопшто не се водело таква грижа каква што заслужува овој локалитет, ниту во делот на програмските средства, ниту во делот на капиталните инвестиции. Се надевам дека во периодот и во програмата што следи во 2025 година, ќе обрнеме многу поголемо внимание на овој локалитет, посебно на влезот на локалитетот бидејќи на времето постоеше тука и една сувенирница, каде транзитните туристи можеа да запрат, имаше и кафитерија, можеа да испијат кафе, да го посетат локалитетот, да купат дел од сувенирите, да се запознаат со историјата на Македонија и особено на Вардарскиот регион, изјави министерот.

Затоа, рече, ова ќе биде еден од приоритетите.

– Морам да истакнам дека е тоа особено видливо во последните две години кога програмата на Стоби беше најслабо финансирана од кога постои институцијата. Големите приоритетни објекти за истражување, заштита и презентација се минимизирани, проектот за санација на речното корито изготвен во 2016 година што го загрозува локалитетот со одрони не е поднесен за реализација, а проектот за санација и адаптација на Старата железничка станица во Центар за посетители од 2016 година, е реализиран со средства од погранична соработка, но поради пропусти, сега повторно треба да се поправа, подвлече Љутков.

Министерот рече дека туристичката презентација на локалитетот била запоставена, а продавницата за сувенири до изминатата година, била целосно празна.

– Поради сево ова, ние како Министерство за култура и туризам во следниот период ќе направиме се за да го вратиме сјајот на овој археолошки локалитет. Кој, како што ме информираше и директорката Силвана Блажевска, годишно, односно во периодот од април до крајот на октомври го посетуваат околу 20 илјади посетители. Посетителите на локалитетот можат со себе да понесат автентичен сувенир од Република Македонија, што можат да го купат во сувенирницата што беше отворена во 2014 година, каде што се најбарани фигурините, лампите, медалјоните – односно комерцијални копии од артефакти изработени во Стоби, како и културно-туристички промотивен материјал, додаде министерот.

Тој истакна дека Стоби е во фокусот на Министерството за култура и туризам, за финансирање проекти од национален интерес за истражувања, конзервација и презентација.

– Во таа смисла, ги поддржуваме напорите на стручниот тим на установата во остварување на дејноста, преку реализација на истражувачки проекти, проекти од областа на заштитата на културното наследство, организацијата на меѓународните школи и обуки за заштита на културното наследство, како и во примената на нови технологии и интерактивни пристапи во презентацијата, подвлече Љутков.

Тој истакна дека сево ова води кон зголемување на видливоста и достапноста на локалитетот за што поголем број посетители, што, пак, од друга страна придонесува за одржлив развој на локалитетот и за зголемување на свеста на јавноста за значењето на нашето непроценливо културно наследство.

– Оттука, од исклучителна важност се поврзаноста, вклучувањето и промоцијата на Стоби во рамките на една поширока туристичка презентација во регионот, заедно со другите споменици на култура и околните винари, што промовираат вински туризам, нагласи министерот.(МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Опасен Тик-Ток тренд?! 17-годишник во Кисела Вода настрада од струен удар додека бил качен на вагон

Следно

Стотици камиони со хуманитарна помош го чекаат отворањето на Граничниот премин „Рафа“ во Газа

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop