Лулуди: Насилството врз жените е институционален и системски проблем кој не смееме да дозволиме да биде по цена на нечиј живот

May 5, 2025
3 mins read

Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“, изразува сериозна загриженост за ненавременото постапување и непреземање мерки за заштита на Р.А., која била жртва на семејно насилство од страна на партнерот Н.А., иако таа неколкупати го имала пријавено во подрачната полициска станица во општината Шуто Оризари, на 03.05.2025г при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари партнерот ја лишил од живот и тоа во присуство на нивното петгодишно девојче. И покрај јавните изјави и сведоштва од блиски лица на Р.А. дека пријавила случаеви на семејно насилство од партнерот, од страна на МВР беше јавно соопштено во медиумите дека Р.А. немала поднесено пријава за семејно насилство, што покренува сомнение дали полициските службеници постапиле соодветно според надлежностите и со должно внимание, и бараме да се утврди одговорност.

Сведоци сме дека родово-базираното и семејното насилство врз жените поради ненавременото постапување од страна на институциите, како и постапувањата од поедини државни службеници кои постапуваат според лични ставови и стереотипи наместо да делуваат според законските прописи, правила и протоколи, во последните неколку години имаме голем број случаеви на семејно насилство врз жени кои завршуваат со убиства – фемициди.

Во периодот 2018-2022 година, во Република Северна Македонија имаше кривично гонење во 17 случаи на фемицид заради убивање на 19 жени. Фемицидите, односно убиствата на жени и девојчиња, се една од главните причини за прерана смртност на жените на глобално ниво и претставуваат најекстремна форма на насилство врз жени. Како најекстремна форма на насилство, фемицидите претставуваат закана за безбедноста на жените низ целиот свет.
Од нашето искуство во работата со жените кои се жртви и во ризик од родово-базирано и семејно насилство во нашиот Центар ,,Нана, од индивидуалните и групните средби поради наведените начини на постапување, односно непостапување од страна на надлежните, се забележува една силно изразена недоверба и безнадежност дека нешто ќе се промени. Честопати жените се обесхрабрени во пријавување на насилство или неистрајни во процесирање на случаевите на насилство. И покрај тоа што одреден мал процент од жените, иако си ги знаат своите права, не се осмелуваат да се обратат за помош, особено после ваквите случувања. Присутен е стравот кој го имаат жртвите по својот живот, и по животот на своите деца. А кога ќе се охрабрат да пријават, во најчест случај институциите потфрлаат во пружање на соодветна навремена заштита и целокупна поддршка – кое само го зголемува нивото на недоверба кон институциите и повлекување.

Бараме и апелираме:

• Основното Јавно Обвинителство и МВР итно да спроведат целосна постапка за случајот и да се истражи дали и кој/кои полициски службеник/ци не евидентирале записник/ци од пријавите и поплаките од Р.А. за семејно насилство.
• Основното Јавно Обвинителство и МВР да поведат истрага по итна постапка за (не)постапувањето на сите полициски службеници, вклучително да се изјасни и главниот началник на подрачната полициска станица во општина Шуто Оризари, по претходно поднесените пријави и поплаки за семејно насилство од починатата Р.А. Бараме секое несоодветно и ненавремено постапување на службени лица по спроведена постапка за утврдување на одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани.
• Основното Јавно Обвинителство и Судството да преземат итно процесирање на случајот и одредување на највисока казна за сторителот за извршено убиство – фемицид, вклучително и казна за извршено во повеќе наврати физичко и психичко насилство врз сопругата и сторено психичко насилство и трауми, како и запуштање, нарушување и загрозување  на сигурноста и благосостојбата на трите малолетни деца.
 • Основното Јавно Обвинителство и Судството да земат во предвид одредување висока казна за сите лица кои помогнале во прикривање на делото на сторителот.
 • Очекуваме сите надлежни институции, особено Центарот за социјална работа да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на малолетните деца кои ја изгубија својата мајка, обезбедување на соодветна поддршка и помош за надминување на траумата која ја доживуваат, како и поддршка за надминување на траумите кои ги доживеале како сведоци на насилството кое таткото го вршел врз нивната мајка. 

• Апелираме до општината Шуто Оризари и до Центарот за социјална работа да се преземат мерки за згрижување, психо-социјална поддршка на малолетните деца, како и поддршка за непречено продолжување на нивниот образовен процес.

  • Апелираме медиумите будно да го следат случајот и со должно внимание да известуваат за овој случај.

Особено е важно да делуваме соодветно во постапувањето на овој случај каде што е изгубен животот на една мајка, а загрозени се животите и иднината на три малолетни деца. За жал, овој случај на фемицид, како најекстремна форма на родово-базирано насилство, во нашата држава не е единствен, а се надеваме со навремено, брзо и ефикасно спроведување на истрага и постапка од страна на надлежните институции ќе придонесе кон превенирање и спречување на вакви случаеви во иднина. Воедно, навремено и соодветно постапување и казнување на сторителите ќе придонесе кон намалување на недовербата на граѓаните, особено на жените кон институциите.

Очекуваме од надлежните институции одговорно да постапуваат по случајот, и понатамошно ќе се превземат сите потребни чекори за надминување на постоечките проблеми и воспоставување ефикасен, сигурен и доверлив систем на превенција и заштита од сите форми на насилство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Лондон почнува прославата на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Следно

Фали едукација за заштита од пожари – зошто евакуација по скали во зграда може да биде замка?

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop