Лукаревска: Солидарен данок не платиле уште 19 компании

November 16, 2023
1 min read

реклама


Уште 19 компании од вкупно 156 се уште не платиле данок на солидарност. Седумнаесет од нив немаат воопшто никаква уплата, а останатите две направиле парцијално уплаќање, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. 

Треба да се соберат, како што вели Лукаревска во интервју за Гласот на Америка, уште 643,7 милиони денари.

реклама

Во коментар  дека на агендата на Уставниот суд е Законот за солидарен данок и оти некои бизниси очигледно го чекаат исходот пред да ги подмират своите даночни обврски според овој закон Лукаревска посочува дека УЈП ги контактира 19-те даночни обврзници  за да се најде соодветно решение како тие да ги подмират своите обврски.

-Должници имало и ќе има и тоа е дел од нашата законска обврска да треба да ги објавиме со цел да ја запознаеме и јавноста и граѓаните. Данокот на солидарност бидејќи има иницијатива на Уставниот суд ќе видиме како ќе заврши целиот тој процес. Од една страна гледаме дека тој процес за данокот на солидарност со коморите, со засегнатите страни го водевме доста транспарентно и проактивно и напоменавме дека данокот на солидарност всушност е и еднократен. Од друга страна, гледаме дека пак истовремено и компаниите се трудат што побрзо да успеат да ги подмират овие свои обврски, вели Лукаревска во интервјуто.

реклама

Таа информира дека најголемиот должник е трговија со електрична енергија во износ од 294,6 милиони денари и очекува дека уплатата ќе се заврши во предвидениот рок.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗ: Нема да се продолжи мандатот на организациската директорка на Завод за физикална медицина и рехабилитација во Скопје

Следно

Северна Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop