Лукаревска од Кичево: Повеќе за сите е мерката за поголеми плати на работниците во приватните компании

December 17, 2023
1 min read

реклама


Повеќе за сите е и мерката од новиот 9 ти пакет антикризни мерки со којашто даваме финанисиска поддршка за поголеми плати на работниците во приватните компании, со СДСМ секој работник добива повеќе, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибина „Повеќе за сите“ во Кичево.

Мерката значи ослободување од придонеси за работодавачите, за делот на зголемувањето на платата, а ќе треба да платат само персонален данок, објасни Лукаревска.

реклама

-СДСМ се грижи за работниците и во вреднува нивниот труд. Со мерката создаваме можност да се зголемат платите на работниците во приватниот сектор и тоа од 3.000 до 9.000 денари. Периодот е прилично широк и се однесува на 12 наредни месеци, додаде Лукаревска.

Над 2 милијарди евра вративме назад кај граѓаните само преку мерките за финансиска поддршка. Повеќе за сите е дел од нашите социјалдемократски вредности. Социјалдемократијата, во својата основа, се стреми да создаде општество каде секој поединец има еднаков пристап до права, можности, социјална заштита и економска сигурност. Овие вредности тесно се усогласуваат со принципите што ја засноваат Европската унија, потенцираше Лукаревска.

реклама

-Победа на СДСМ на претседателските избори и Влада предводена од СДСМ е двојна победа за Европска Македонија, клучна победа за да продолжи напредокот, да продолжи растот на платите, на пензиите и најважното, да ги обезбедиме идните генерации, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукравеска на трибината „Повеќе за сите“ во Кичево.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца загинати додека гледале нелегална трка на автомобили на автопат во Косово

Следно

Израел уби 92 новинари во нападите на Појасот Газа од 7 октомври досега

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop