Лукаревска: Не би се согласила дека е лош извештајот од Европската комисија

November 9, 2023
1 min read

реклама


Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска е гостинка во „Клик Плус“ на ТВ21.

Лукаревска најпрво го коментираше извештајот на Европската комисија.

реклама

„Се создава перцепција за лош извештај, што не би се согласила затоа што има и други поенти позитивни кои треба да се споделуваат, и нормално треба да ги детерминираме слабостите и предностите. Јавноста знае дека во 2015/2016 година бевме заробена држава, а сега веќе можеме слободно да делуваме. Во тој дел имаме голем напредок, и тоа не смееме да го заборавиме. Треба да имаме во предвид еден важен момент во рамките на тој извештај дека Владата и администрацијата мобилизираа драстични ресурси и активно учествува во скрининг процесот. Ова значи дека сме ја завршиле работата, но има уште многу да работиме… Она кое во рамки на извршната власт е да носи реформи и да прави резови онаму каде што е потребно и каде има ингеренции. Во судската власт не смее да се меша, и таму треба да има реформи, дури имало соодветни инсистирања од наша страна за реформи“, изјави Лукаревска.

Целото интервју со Лукаревска следете го вечерва од 21:30 часот.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прво реформи, па пари од ЕУ! Со план за раст на Западен Балкан, достапни ќе бидат 6 милијарди евра!

Следно

Собранието доби низа забелешки од ЕК, власта и опозицијата си ја префрлаат одговорноста

Latest from Blog

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop