Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар

September 28, 2023
2 mins read

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, на 3 октомври во Драмски театар Скопје (20 часот) се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври.

Според режисерката Витошевиќ, која неколкупати работела текстови на Шимелфениг и го разбира неговиот јазик, идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.

И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.

Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.

Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата.

Улогите во „Фирма“ ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ

Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври.

По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

„Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ.
На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер.

Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.
Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот. Број на билетарницата на Драмски театар Скопје е 076434343 каде може да се резервираат билетите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Манолева: Постапката за случајот со онкологија е во тек, апел до институциите за брза разрешница

Следно

Украина со право се откажала од западните тактики

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат
Go toTop