ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

May 5, 2026
1 min read

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0 вечерва го поразија Атлетико Мадрид на својот стадион и по нерешените 1:1 на мечот во шпанската престолнина минатата недела, успеаја да го „визираат“ патот за Будимпешта на големото финале на 30 мај.

Вечерва видовме уште една жестока битка на две слични фудбалски филозофии. Атлетико (М) на моменти во првиот дел се обиде да наметне своја игра, но тоа се случуваше во бранови, а поголемиот дел од просторот за игра им го препуштаа на домашните. Моментот на одлука дојде во 45. минута, кога по еден силен шут на Тросар, Облак ја одби топката, а Букаро Сака луцидно се провре меѓу двајца дефанзивци на Атлетико и успеа да ја смести топката во мрежата за голема радост на „Емирати“.

Арсенал беше подобар тим и во вториот дел, но Атлетико (М) ја имаше шансата за израмнување преку ЏулијанО Симеоне. Фудбалерот на „јорганџиите“ доби голем подарок од домашните, успеа да избие сам пред голманот Раја и наместо да ја погоди празната мрежа, дозволи Габриел да го стигне и да го изблокира. По овој зицер, Атлетико не доби втора шанса за „поправен“.

Арсенал по 2006 година и финалето во Париз кога загуби од Барслеона со 2:1, по вторпат во својата клупска историја ќе игра во финалето на најсилното европско натпреварување. Кој ќе им биде противник, ќе ни каже утрешното реванш-полуфинале во Минхен меѓу Баерн и ПСЖ (4:5).

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Deputeti Cekov tregon pse e braktisi ZNAM-in: Në fushatë premtuam gjëra tjera

Следно

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Latest from Blog

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,
Go toTop