ЛШ: Арсенал го урна и Баерн, Мбапе со четири гола за победа, Ливерпул тоне (ВИДЕО)

November 26, 2025
1 min read

Во супер-дербито на колото во Лигата на шампионите, забревтаниот Арсенал славеше со 3:1 во дуелот со германскиот гигант Баерн (М) со 3:1 и остана единствениот тим со максимален учинок од 5 победи во исто толку натпревари во лигашкиот дел од натпреварувањето. „Топчиите“ се во страшна форма, а тоа го потврдија и вечерва кога во вториот дел го „разоружаа“ гостинот и дојдоа до нов триумф.

Арсенал тргна со водство во 22. минута со голот на Тимбер, а десет минути подоцна младиот Карл успеа да им донесе израмнување на гостите од Минхен. Во второто полувреме со головите на Мадуеке и на Мартинели, Арсенал предизвика еуфорија на трибините во Лондон и успеа да дојде до нова голема победа.

Европскиот шампион ПСЖ одигра натпревар за паметење според бројот на постигнати голови. Во Париз, Французите со пресврт славеа над Тотенхем со 5:3, откако гостите двапати водеа. Ришарлисон и Коло Муани погодуваа за 0:1 и 1:2, но неверојатниот Витиња постигна хет-трик за домашните, па со головите на Пачо и на Фабијан Руиз момците на Луис Енрике ја обезбедија четвртата победа.

Мбапе сам им донесе победа на „кралевите“ во Атина. Неверојатниот француски голгетер постигна четири гола во мрежата на Олимпијакос во конечните 3:4. Грците одиграа одличен меч, а момците на Чаби Алонсо повторно ги повторија грешките од минатите натпревари и дозволуваа лесни погодоци кои на крајот ги ставија под голем притисок во последните минути од мечот.

Интер не успеа да се избори за бод на тешкото гостувањето во Шпанија кај Атлетико. Домашните со брзиот гол на Алварез во 9. минута водеа по првото полувреме, а во вториот дел Зелински израмни на 1:1 во 54. минута. Иако вечот влезе во егал во судиското продолжение, сепак, упорните момци на Чоло Симеоне дојдоа до трите бода во последните моменти од мечот, кога Хименез во 93. минута погоди за 2:1.

Ливерпул тоне. Вечерва во ново срамно издание на „Енфилд“, избраниците на Арне Слот беа понижени од ПСВ кој славеше со 1:4. На полувремето беше 1:1, но во вториот дел Ливерпул комплетно се распадна, а Слот може уште вечерва да размислува за заминување.

Аталанта во едно полувреме успеа да дојде до големи три бода на гости во Франкфурт. Италијанците со головите на Лукман, Едерсон и Де Кетеларе славеа со 0:3.

Убедлив беше и Спортинг на домашен терен против Бриж. Португалците славеа со 3:0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5 КОЛО:

Олимпијакос – Реал Мадрид 3:4

1:0 Чикињо 9`, 1:1 Мбапе 23`, 1:2 Мбапе 24`, 1:3 Мбапе 29`, 2:3 Тареми 52`, 2:4 Мбапе 60`, 3:4 Ајуб 8`

Спортинг Лисабон – Клуб Бриж  3:0

1:0 Кенда 24`, 2:0 Суарез 31`, 3:0 Тринкао 70`

Ајнтрахт Франкфурт – Аталанта  0:3

0:1 Лукман 60`, 0:2 Едерсон 62`, 0:3 Де Кетеларе 65`

Ливерпул – ПСВ Ајндховен  1:4

0:1 Перишиќ (д) 6`, 1:1 Собослај 16`, 1:2 Тиел 56`, 1:3 Дриуех 74`, 1:4 Дриуех 90+1`

Атлетико Мадрид – Интер  2:1

1:0 Алварез 12`, 1:1 Зиелински 54`, 2:1 Хименез 90+3`

Арсенал – Баерн Минхен  3:1

1:0 Тимбер 22`, 1:1 Карл 32`, 2:1 Мадуеке 69`, 3:1 Мартинели 76`

Пари Сен Жермен – Тотенхем 5:3

0:1 Ричарлисон 35`, 1:1 Витиња 45`, 1:2 Коло Муани 50`, 2:2 Витиња 53`, 3:2 Руиз 59`, 4:2 Пачо 65`, 4:3 Коло Муани 72`, 5:3 Витиња (п) 76’

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Петти партиски Конгрес на ДУИ на 20 декември во Скопје

Следно

Под Мексико се крие чудо на природата- подводна пештера долга 520 километри одзема здив (ВИДЕО)

Latest from Blog

Петти партиски Конгрес на ДУИ на 20 декември во Скопје

Демократската унија за интеграција на 20 декември ќе го одржи петиот конгрес, кој, како што соопштија од партијата, ќе биде значаен момент за нејзино дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

Излеаното моторно масло во центарот на Битола веднаш отстрането од Комуналец

Во центарот на Битола, улиците на ул. „Св. Климент Охридски“ беа исчистени и измиени откако при градежни работи на приватен објект од градежна машина излеана поголема количина моторно масло. Градоначалникот Тони Коњановски

Зеленски: Се согласувам со Урсула фон дер Лајен дека санкциите против Русија треба да се заострат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека се согласува со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека санкциите против Москва мора да бидат заострени сè додека Русија одбива мировни преговори.
Go toTop