Лоша инфраструктура во Визбегово – бизнисмените се жалат, Град Скопје не кажува за почеток на работите

November 1, 2023
1 min read

реклама


Иако е главен пат и индустриско подрачје што ја поврзува Македонија со Косово, инфраструктурата на овој дел не е во добра состојба. Покрај немањето одвод, шахтите исто така не се израмнети со патот, па автомобилите наидуваат на потешкотии и оштетувања додека минуваат низ овој автопат наречен Јадранска магистрала. Покрај главниот пат, во овој дел се наоѓа и стариот Качанички пат, кој исто така е многу оштетен.

За важноста и потребата од подобрување на инфраструктурата на овој автопат зборува Драган Цветановски од советот на граѓани на индустриското подрачје во Визбегово. Според него, овој проблем трае со години, додека сега, како што додава, добиле информации дека Владата доделила средства на град Скопје за почеток на работите.

реклама

ТВ21 контактираше со град Скопје за да ги потврди овие изјави и да ги праша кога ќе почнат работите за рехабилитација на овие патишта, но до сега не добивме одговор.

Во меѓувреме, во овој дел пред неколку месеци беа констатирани узурпации на државни имоти, кои инспекторатот на општина Бутел мораше да ги отстрани. Тој период започна со отстранување на некои огради, но работата остана на половина. Го прашавме градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, но и тој не сакаше да одговори.

реклама

Инаку, Цветановски, во име на стопанствениците од областа Визбегово, предупреди дека доколку не се слушнат нивните барања за подобрување на инфраструктурата, ќе постапат со порадикални мерки.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема ризик за дестабилизација на Македонија, смета Советот за безбедност

Следно

Заздравувањето на Нејмар ќе трае околу 10 месеци

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop