Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

December 4, 2023
1 min read

реклама


Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.

„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и  правдата ќе излезе на виделина” рече Лога.

реклама

Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува  а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казан би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казмна што треба да ја изречат нашите институции” изјави Лога.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа порасна на 15.899

Следно

МНТ и Сашко Коцев ги откажаа претставите, „Нокаут“ го прекина концертот

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop