Лога ќе бара објаснување на владината седница во вторник за законот за амнестија

November 3, 2023
1 min read

реклама


Министерот за правда Кренар Лога вечерва изјави дека бил изненаден од одлуката на пратениците од СДСМ да гласаат против законот за амнестија и оти не бил информиран зошто не гласале тој да влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Ова, како што кажа, како тема ќе го постави на редовната владина седница во вторник.

-Дилемата дали ни треба овој закон или не, се разгледува во матичните комисии кога би се дискутирало за тоа дали тоа би било најдоброто можно решение или е нешто друго во прашање, рече Лога во интервјуто во Топ Тема на ТВ Телма.

реклама

Министерот Лога рече дека не знае дали имало партиски прегрупирања и дека кога го образложувал законот кажал дека ќе биде среќен ако тој помине во Собранието. 

– Во Собрание гледам и пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, кои беа против измените на Кривичниот законик, како Милошоски, за утредента со адвокати да бараат нивните дела да застаруваат. За каков морал зборуваме тука ?! А од друга страна имам коалициски партнери кои имаат два поранешни генерални секретари кои ја издржуваат казната притвор и куќен притвор по хотели, или во Систина или на Клинички. Кога имате од една страна такви привилегирани луѓе од моќни партии во државата, а од другата страна имате докази со слики и секако друг материјал кој е доставен до пратениците уште од сабајле, од состојбите во затворите, и сега ме прашувате за политика, рече Лога.

реклама

Според министерот за правда, Судскиот совет е генератор на сите проблеми во судството и под итно тој состав, како што кажа, треба да заврши во историја и членовите да сносат одговорност. Смета дека е потребен нов јавен обвинител, за што Собранието наскоро ќе распише оглас, нов состав на Судскиот совет и нов АКМИС систем. 

Лога најави дека новиот Кривичен законик следната недела ќе биде ставен на ЕНЕР за коментари.

реклама

-Верувам дека нема да има никаков проблем за да се гласа од страна 120 пратеници во овој состав. Не би требало да имаме никаква пречка да се гласа од овој состав. Ќе би биде потребен и за извештајот на ЕК, изјави Лога. 

Исто така најави дека следната недела ќе бидат презентирани измените на Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР што се изработени од работната група во Министерството за правда. 

За изборите следната година, Лога рече дека ако има уставни измени ќе треба да има еден циклус, но ако нема уставни измени смета дека ќе треба да има двојни избори. Лога вели дека Алијанса за Албанците најверојатно ќе оди сама на избори. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поминаа 90 дена од последното рочиште – судењето против Жан Митрев почна од почеток

Следно

Реката кај Косоврасти излегла од своето корито, патот исчистен и повторно прооден

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop