Ливерпул и Кристал Палас во битка за првиот трофеј во Англија

August 10, 2025
1 min read

Англискиот Супер куп или популарниот „Комјунити Шилд“ попладнево се игра на Вембли. Во битката за првиот трофеј сезонава во англискиот фудбал играат шампионот Ливерпул и освојувачот на ФА купот. Кристал Палас.

Ливерпул на Вембли треба да се појави со новите засилувања, а воедно тимот на Арне Слот важи за фаворит и за победа денеска, но и одбрана на шампионската титула. Ова ќе биде и првиот официјачен натпревар за засилувањата: Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг за „црвените“.

Кристал Палас на крајот од ланската сезона ги израдува своите фанови со победата во финалето од ФА купот против Манчестер Сити. Воедно тоа беше првиот клупски трофеј во историјата. Но, Кристал Палас беше најпасивниот клуб од Премиер лигата на трансфер пазарот донесе само двајца играчи, хрватскиот дефанзивец Борна Соса и голманот Валтер Бенитез. Менаџерот Оливер Гласнер дури се закани со заминување од клубот, ако нешто не се смени во однос на нови играчи.

Почтокот на натпреварот е во 16 часот, а Ливерпул има 16 победи во Супер купот, додека Кристал Палас нема победа во ова натпреварување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фестивалот „Курултај“ се одржа во Унгарија

Следно

Античкиот град Сиде – неизбежна станица за љубителите на археологијата и културниот туризам

Latest from Blog

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно

Д-р Александар Колев во „Што го врти светот?“: Иднината на кардиохирургијата, превенцијата и човечноста во медицината

Во најновата епизода на поткастот „Што го врти светот?“, гостуваше истакнатиот македонски кардиохирург д-р Александар Колев, кој преку искрен и стручен разговор донесе оптимизам за иднината на македонското здравство. Тој ги сподели

Во чест на 8 Март: Проданоски се сретна со жени од различни професии и порача – Жените се двигател на семејството, институциите и заедницата

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината. Вчерашниот
Go toTop