Ливерпул го објави датумот на шампионската парада, се очекуваат над милион навивачи

April 28, 2025
1 min read

Ливерпул официјално потврди дека шампионската парада на тимот на Арне Слот ќе се одржи во понеделник, 26 мај. Ова е денот по последното коло од Премиер лигата. Во него, „црвените“ го пречекуваат Кристал Палас на „Енфилд“, а по последниот свиреж, Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и компанија ќе го кренат трофејот.

Овој ден (26 мај) е државен празник во Велика Британија, па ова ќе им даде можност на многу навивачи на тимот од целата земја и од различни делови на светот да бидат на улиците на Ливерпул. Рутата е долга 15 километри, како што беше случајот на парадите во 2019 и 2022 година. Парадата ќе започне во 14:30 часот. по локално време и е планирано да трае помеѓу три и пет часа.

Во 2020 година, кога Ливерпул повторно ја освои титулата, навивачите не можеа правилно да прослават поради пандемијата Ковид-19.

На парадата во 2019 година, кога Ливерпул го прослави трофејот во Лигата на шампионите, присуствуваа околу 750.000 луѓе. Сега градските власти очекуваат повеќе од еден милион навивачи на тимот од целиот свет.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР поднесе кривична пријава против двајца пензионирани раководители за злоупотреба на службената положба

Следно

Ердоган: Газа им припаѓа на Палестинците исто како Западниот Брег и Источен Ерусалим

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop