Лиценците во градинките нема да бидат двојазични

January 21, 2025
1 min read

Парламентарното мнозинство на денешната 31. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, кој повторно се најде пред пратениците. Пред крајот на минатата година претседателката Гордана Сиљановска Давкова му стави вето, односно, не го потпиша указот за прогласување на законот, затоа што има недоследности со Уставот.

Законските измени се однесуваа на тестирањето и лиценците за негуватели во градинките, а со кои беше предвидено да се двојазични. Сиљановска Давкова сметаше дека ова е неуставно, по што владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди направија измени со кои документите ќе бидат на македонски јазик, а по барање и на друг јазик на кандидатот.

Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ гласаа 17 пратеници. Законот го доби и потребното Бадентерово мнозинство, односно за измените „за“ гласаа 12 пратеници од немнозинските заедници, а 6 беа „против“.

За овој закон беа поднесени вкупно 6 амандмани, од кои 4 од СДСМ и од Левица, кои беа отфрлени, а двата поднесени од коалициските партнери од власта ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, поминаа.

По донесувањето на измените на законот, претседателката на државата е должна да го потпише указот за негово прогласување.

Решението кое го прифати мнозинство вели дека тестирањето и лиценците за работа во детските градинки се врши и се издаваат на македонски јазик, а доколку кандидатот побара, да биде издадена и на албански јазик, односно на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.

– Лиценцата се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку подносителот на барањето зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, на неговото барање му се издава на македонски јазик и на неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборува и неговото писмо – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Ваквата формулација не беше прифатлива за опозициската ДУИ, од каде што сметаат дека лиценците по автоматизам треба да бидат и на албански јазик.

– Јас како претставник и како Албанец имам право по автоматизам да му се обратам и да влезам на испитот и на мојот јазик. Како што е фактот со личните документи, ние не направивме посебно барање – рече пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Од СДСМ преку амандманите бараа целосно да се избришат членовите што се однесуваат на тестовите и лиценците. Овие амандмани не поминаа, а не поминаа ниту амандманите на Левица кои од собраниската говорница прашаа зошто лиценците да не се издаваат и на турски, влашки, ромски, српски и бошњачки јазик .

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови

Следно

Почина легендарната ТВ спикерка Снежана Липковска

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop