„Лицемерната политика на западните сили е причина за смелоста на Израел“

February 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање пред нацијата по седницата на Кабинетот на Владата во Анкара изјави дека турските граѓани во периодот што следува можат да очекуваат позитивни ефекти од економската програма на актуелната Влада, известува Анадолу.

„Јасно ќе ги видиме позитивните ефекти од нашата економска програма на многу полиња во периодот што следува, особено во поглед на инфлацијата“, рече Ердоган, додавајќи дека на состанокот детално се разговарало за многу важни прашања, особено за економијата, образованието, борбата против тероризмот и надворешната политика.

Ердоган истакна дека Република Туркије одлучно чекори напред кон остварувањето на зацртаните цели, додека многу развиени земји и земји во развој се соочуваат со сериозни закани, како што се политичка нестабилност и социјални тензии.

„Само на полето на туризмот 2023 година беше најдобра година во нашата историја. Нашите приходи од туризмот пораснаа за 17% во 2023 во однос на претходната година, достигнувајќи 54,3 милијарди долари“, посочи претседателот на Туркије.

Тој додаде дека во јануари е продолжен напредокот и во контекст на извозот.

„Нашиот извоз во јануари е зголемен за 3,6% во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи 20 милијарди долари. Со тоа го достигнавме најголемиот извоз во јануари во нашата историја“, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган ги коментираше и израелските напади врз Појасот Газа и ја обвини Владата на Бенјамин Нетанјаху дека го имитира Хитлер и дека секојдневно ја преминува границата во брутална политика на масакр што ја води од 7 октомври.

Осудувајќи ја агресијата на Израел врз градот Рафа на југот на Појасот Газа, вклучително и планираната офанзива, Ердоган рече дека „лицемерната политика на западните сили“ е причина за смелоста на Израел.

„Додека западните сили јавно го повикуваат Израел на воздржаност, истовремено ги затвораат очите пред Нетанјаховите злосторства, криејќи се зад Хамас како изговор“, истакна Ердоган.

Вети дека ќе ја продолжат борбата против тероризмот уште во неговиот извор и по секоја цена ќе го спречат „Терористан“ по должината на јужната граница на Туркије.

Претседателот Ердоган се осврна и на одлуката на американската администрација за продажба на модернизираните авиони Ф-16 на Република Туркије.

„Задоволни сме од позитивниот одговор на нашето барање за Ф-16 за што веќе некое време разговараме со САД. Со укинувањето на ограничувањата за нашата земја, се надеваме дека турската одбранбена индустрија отсега уште побрзо ќе напредува“, рече претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк

Следно

Трамп побара од Врховниот суд да ја паузира судската одлука која го лишува од апсолутен имунитет

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop