Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1

May 5, 2025
2 mins read

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес (СЗДСМ) бара од Владата, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред престојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето.

– Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, особено со загризувачки најмал пристап со само околу 300 пациенти со инсулински пумпи т.е. современо помагало за менаџирање на Дијабетесот кај лицата со Тип 1. Инсулинските пумпи се критично важни за управување со дијабетесот. Во моментов се обезбедуваат незначителен број на Инсулински пумпи за лица со тип 1 дијабетес. Ова остава илјадници пациенти со тип 1 дијабетес и да не можат да имаат корист од благодетите на овие нови технологии, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека инсулинсите пумпи кои треба да се набават во 2025 година, треба да бидат современи Напредни хибридни затворени системи (инсулинска пумпа поврзана со систем за континуирани мерење на гликемија) кои преку определен (автоматизиран) алгоритам испорачуваат инсулин и овозможуваат постигнување на целни нивоа на гликемија индивидуално поставени за секој пациент поединечно. 

Овие системи уште се нарекуваат и системи за автоматска испорака на инсулин (AID) или вештачки панкреас и според Американската Дијабетолошка асоцијата, AID системите се прв избор на терапија на лица со тип 1 дијабетес.

– Секое дете со тип 1 дијабетес треба да има пристап до технологиите и материјалите за мониторирање на гликемија и останатите уреди за да може да се оптимизира менаџирањето на дијабетесот. Истите мора да ги исполнуваат минимални стандарди за да обезбедат точност, доверливост и безбедност. Овие критериуми се поставени од регулаторни тела како што се EMA (Европска агенција за лекови), FDA (Американска агенција за храна и лекови) како и од ISO (Меѓународната организација за стандардизација). Тврдењата за ефикасноста на овие уреди треба да бидат  поткрепени со рандомизирани, контролирани клинички студии, со кои ќе докаже дека системот ги задоволува интернационалните препораки за гликемиска контрола; во предвид треба да се земат и податоците од реалните светски регистри/евиденции (real world evidence) публикувани во респектирани меѓународни списанија, велат од Здружението.

Според клиничките испитувања, овие системи овозможуваат контрола на гликемијата во согласност со најновите препораки во терапија на Т1 дијабетес.

– Со обезбедување на AID системи, може да се спречи потребата за поскапи третмани, намалувајќи го долгорочниот товар на националниот буџет за здравствена заштита. Користењето на инсулинска пумпа на секое лице со дијабетес Тип1 создава вредност во општеството, бидејќи повеќе лица со ДМ Т1 ќе ги вршат сите свои нормални функции од учење, студирање, спорт, работни обрски и ќе бидат целосни активни чинители кои придонесуваат кон буџетот на државата и стабилноста во растот на GDP, наместо да биде лице со инвалидитет или болно лице, развивајќи ги компликациите од дијабетeс, се вели во соопштението од Здружението. 

Согласно објавени клинички студии, овие системи, доведуваат до намален број на хипогликемии и дијабетична кетоацидоза, што води кон директна долгорочна заштеда на здравствениот систем. Со поставување на пациентите со Тип1 дијабетес на овие напредни системи, тие истовремено се стануваат и корисници на сензор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Зајдисонце на езерото Ван

Следно

Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото

Latest from Blog

Интервју на Ѓорѓиевски за Нова Македонија: Нови инфраструктурни проекти кои ќе го трансформираат Скопје

Интервју со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот

Бајненс и Франклин Темплтон градат мост меѓу класичните и дигиталните инвестиции

Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, и Франклин Темплтон (Franklin Templeton), глобален инвестициски лидер кој управува со средства од 1,6 трилиони долари, објавија соработка за градење

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите

Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со над 42 години стаж и со здравствени проблеми. –

Во исчекување на „Златната топка“, Дембеле го победи Јамал за уште една награда

ФОТО: FC PSG/FB Фаворитот за „Златна топка“, Усман Дембеле, веќе е сопственик на уште една вредна индивидуална награда „le Onze d’Or 2025“. Ја доделува годишно француското списание „OnzeMondial“. Исто како наградата Франс

ВРЕДИ: Две децении корупција и хаос се единствениот резултат на ДУИ

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ: „ДУИ/АКИ со половина од раководството на меѓународни црни листи немаат ниту морал ниту кредибилитет да зборуваат за „српскиот свет“, бидејќи Абаз Ѓука од ОВК заврши во Али Ахмети
Go toTop