Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино

May 17, 2023
1 min read

Лица со попреченост ќе сликаат виножито во четврток на Денот на музеите во Неготино, информираше попладнево, Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј.

– По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака” од Неготино, организира ликовен хепенинг кој ќе се реализира во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг ќе се создаваат ликовни дела од страна на лицата со попреченост од „Порака”,  ќе ги сликаат боите на виножитото. Целта на настанот е да покажеме дека различноста спојува а не раздвојува и дека сите луѓе имаат можности, само треба да се препознаат тие можности и да им се даде поддршка да бидат креативни, соопшти Чекорова.

Таа додаде дека целта на овој хепенинг, исто така, е, лицата со попреченост, како и сите други, да го меморираат 18 Мај како Меѓународен ден на музеите, а воедно и да ја доживеат атмосферата на создавање на ликовни дела.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ПРИКАЗНИТЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА

Следно

Американската помош за Украина брои ситно

Latest from Blog

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која

Меџити најавува револуција во Чаир: Над 760 илјади евра за нови улици и зелени површини

Населбата Топана во Чаир ќе добие значајни инвестиции од над 760 илјади евра за реконструкција на улиците и урбаната инфраструктура. Проектот вклучува нов асфалт, современи тротоари, целосно ново осветлување, паркинзи и зелени
Go toTop