Лишени од слобода две лица за незаконска сеча

August 9, 2024
1 min read

МВР соопшти дека вчера, во 07 часот, во штипското село Селце, полициски службеници ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од Селце. Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава.

И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума. Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.

Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитар Главчев ја повлекува искажаната подготвеност по вторпат да ја прифати функцијата в.д. премиер

Следно

Украина ја обвини Русија за напад врз супермаркет и пошта во кој загинаа четири лица, а 24 се повредени

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop