Ликвидиран рускиот генерал Игор Кирилов

December 17, 2024
1 min read

Украинските безбедносни служби елиминираа уште еден висок преставник на руската армија. Генерал-полковник игор кирилов, началникот на воената единица за хемиско, биолошко и радиолошко оружје, беше убиен заедно со неговиот заменик откако експлодирала бомба додека двајцата ја напуштиле зградата во станбена област во југоисточна Москва.

Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот но смртта на кирилов, веќе се слави во Киев.

„Кирилов беше воен злосторник и целосно легитимна цел, бидејќи даваше наредби за употреба на забрането хемиско оружје против украинската војска. Одмаздата за воените злосторства е неизбежна.“ – Киев индипендент.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев и најави Украина одмазда за убиството на началникот но руската армија. Според Медведев, убиството на Кирилов е знак на „агонија“ на украинската влада, која ја користи својата преостаната сила за да ја оправда катастрофалната ситуација на фронтот. Од рускиот истражен комитет пак велат дека работат на расчистување на случајот.

„Главниот истражен оддел на рускиот истражен комитет за градот Москва отвори истрага за кривично дело за убиство на двајца војници во Москва. Според истрагата, утрото на 17 декември, на Рјазански Проспект во Москва била активирана експлозивна направа, поставена во скутер паркиран до влезот на станбена зграда. Како резултат на инцидентот загинаа шефот на радијационите, хемиските и биолошките трупи на руските вооружени сили Игор Кирилов и неговиот помошник.“ – Светлана Петренко портпарол на Рускиот истражен комитет.

Кирилов беше шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана од 2017 година. Тој е обвинет дека дозволил употреба на хемиско оружје за време на војната во Украина. Кирилов, кој беше ставен под санкции од Велика Британија во октомври, е највисокиот руски воен функционер убиен во атентат далеку од првите линии на фронтот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичниот суд им одреди 30 дена притвор на Груби и Бајрами

Следно

Груби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop