Лидерот на турски Дијанет, Ербаш, ги повика Данците да го прочитаат Куранот

March 26, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Управата за верски работи на Република Туркије (Дијанет), Али Ербаш, по најновите напади на Куранот во Данска, ги повика луѓето во таа нордиска земја да ја прочитаат муслиманската света книга, известува Анадолу.

„О Данци, многу луѓе се оддалечија од злото и станаа добри благодарение токму на Куранот. Турското знаме исто така е во бојата на крвта токму поради луѓето кои ги дадоа своите животи токму поради неа. Дојдете, испратете им најголем одговор на лошите меѓу вас читајќи го Куранот и почитувајќи го знамето на Туркије“, објави Ербаш на социјалните мрежи.

Министерството за одбрана на Туркије остро го осуди „подлиот, варварски и одвратен напад во Данска“, насочен кон светата муслиманска книга Куран и кон турското знаме.

Во соопштението се истакнува дека овој погрешен став на Данска, која е и сојузник во НАТО, е спротивен на духот на сојузништво и универзални вредности.

Во продолжение се додава дека Данска требало веднаш да ги пронајде одговорните за стореното дело, како што се наведува, злосторство од омраза.

Во Данска во петокот пред зградата на турската Амбасада во Копенхаген цел на напад беа знамето на Туркије и Куранот.

Провокацијата што ја организираше групата под име „Patrioterne Gar Live“ (Патриоти во живо) пренесувана е во живо на фејсбук-профилот на групата.

Провокаторите развија антиисламски транспаренти, скандираа слогани со навреди против исламот и изведоа подол напад на турското знаме.

На провокацијата на оваа маргинална група, лице од Муслиманската заедница во Данска преку звучници објави делови од Куранот и нивен превод на дански.

Во текот на провокацијата немаше насилство, а данската власт однапред ја извести Амбасадата на Туркије во Копенхаген и презеде безбедносни мерки на таа локација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ изготви законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители, очекуваме консензус по ова прашање

Следно

Институт за војна: Најавата на Путин е неважна

Latest from Blog

Швајцарија се разигра, Босна се распадна (ВИДЕО)

Наместо уште еден херојски момент на репрезентацијата на Босна на овој Мундијал, вечерва добивме показна вежба за тоа како се користат противничките грешки од страна на репрезенатцијата на Швајцарија. Конечниот резултат на

ФИЦО ПРЕЖИВЕА И ГЛАСАЊЕ ПО АТЕНТАТОТ: Словачкиот парламент изгласа доверба на владата

Словачката влада доби гласање за доверба во парламентот, кое беше предизвикано од тоа што долгот на земјата ги надмина фискалните ограничувања утврдени со Уставот. Сите 78 пратеници лојални на трипартитната коалициска влада

Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да не се блокираат границите, а бугарските организации во Македонија да не се означуваат како антимакедонски

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски. „Им обрнуваме внимание

ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“

Коалицијата ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не ги поддржале измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои денеска беа усвоени во Собранието. Според ВЛЕН, со усвоените измени
Go toTop