Лидерот на СДСМ Венко Филипче добил полициско обезбедување, дознава ТВ 24

June 11, 2025
1 min read

 Според информациите на ТВ 24 двајца припадници на шестата управа од вчера го придружуваат првиот опозиционер.

ТВ 24 се обиде да добие одговор од лидерот на СДСМ дали имал закани, дали ги пријавил и на што се должи фактот што АНБ направила проценка дека му треба полициска придружба, но тој одби да одговори на прашањата. 

„Не би коментирал на темава.“ – Венко Филипче-претседател на СДСМ.

ТВ 24 истите прашања му ги постави и на директорот на АНБ, Бојан Христовски, односно побара одговор на што АНБ ја темели безбедносната проценка за ризик, но Христовски не ни одговори, во куса комуникација ни кажа само дека не е во земјава. 

ТВ 24 консултираше безбеднсони експерти за тоа како се прави оваа проценка. Според дел од нив  постојат три форми на обезбедување: редовно, вонредно и посебно. Со редовно обезбедување се опфатени тројца претседатели на републиката, собранието и владата, замениците на влада и пет министери. 

Според Зоран Доревски, доктор на безбедносни науки и поранешен началник на службата за обезбедување во МВР, за ТВ 24 вели во светската практика постои еден стандард, дефиниран од американската национална служба и генерално сите служби и во Европа функционираат на тој начин.  

„Личноста, носител на јавна функција ако се почувствува загрозен заради функцијата која ја врши или дејствијата во име на таа функција. Најчесто, во пракса, се обраќа до министерот за внатрешни работи, ги наведува причините и мотивите на другата страна да предизвикаат закана кон него и туку е проценката на министерот и овластувањето надено со уредбата од 2014 година. Министерот веднаш да процени, да ја задолжи надлежната организациона единица да преземе мерки за обезбедување или да побара дополнително мислење од безбедносните служби, АНБ, Агенција за разузнавање, а во минатото сме барале и мислење од воената безбедност и разузнавање, за комплетирање на информации.“  – Зоран Доревски-доктор на безбедносни науки, поранешен началник на службата за обезбедување во МВР.

Ова не е прв ваков случај, лидер на опозициска партија да добие обезбедување врз основа на определен ризик. Во 2018 година, тогашниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ односно актуелниот премиер Христијан Мицкоски доби дополнително полициско обезбедување, по направена проценка од страна на МВР.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството

Следно

ДЗС: пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Latest from Blog

Ема Зафирова ја освои главната награда на 33. Фестивал на аматерски документарен филм во Битола

Во Малата сала на Центарот за култура во Битола синоќа беше отворен 33. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм, во присуство на учесниците, жирито и љубителите на документарниот жанр. Фестивалот го отвори

Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

„Српскиот народ има право да живее во демократска земја каде што се почитуваат демократијата и владеењето на правото, каде што службените лица се одговорни за своите постапки“, напишаа европските социјалдемократи денеска на

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќни лица во Куманово, на корисниците на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и на осудените во казнено-поправната установа Куманово, соопштија денеска од
Go toTop