Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

May 16, 2024
1 min read
Шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан денеска, во рамки на учеството на Самитот во Котор, Црна Гора, усвоија заедничка изјава со која ја потврдуваат посветеноста на земјите за заеднички регионален пазар насочен кон зајакнување на човечкиот капитал и развој на вештини.
 
Шесте земји од Западен Балкан посветено ќе работат и на поттикнување на дигиталната трансформација, овозможување поволна средина за бизнисмените, како и зголемување на конкурентноста.
 
Препознавајќи ги постојаните и сериозни безбедносни предизвици предизвикани од актуелните геополитички околности, а особено руската агресија врз Украина, лидерите на Западен Балкан во изјавата ја нагласија посветеноста за продолжување на соработката во регионот, како би ја искористиле динамиката во политиката за проширување на ЕУ.
Лидерите на земјите од Западен Балкан, во новиот План за раст препознаваат перспектива на регионот. 
 
Во заедничката изјава се наведува дека шесте земји се посветени  на прифаќање на можностите што ги нуди оваа иницијатива за регионот, со цел да се олесни економската и социјалната трансформација на општествата, отворајќи го патот за полноправно членство во Европската Унија, според начелото за пристапување засновано на заслуги во текот на овој процес.
 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Следно

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето во ЛШ

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop