Либанско Министерство за здравство: 33 убиени, 195 повредени во вчерашните израелски напади во земјата

September 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 33 лица се убиени, а 195 се повредени во израелските воздушни напади во текот на вчерашниот ден врз Либан, се вели во соопштението на либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Израелските воени авиони продолжија со воздушните напади врз јужните предградија на Бејрут, таргетирајќи ги Чјах, Борџ ал Бараџне и делови од Лилаки, како и неколку градови на југот.

Од почетокот на судирите меѓу Израел и либанската група на отпорот, Хезболах, минатиот октомври, убиени се вкупно 1.640 лица, од кои 104 деца и 194 жени, а 8.408 се повредени, изјави министерот за здравство Фирас Алабијад на прес-конференција претходно, истиот ден.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа, во кој загинаа речиси 41.600 лица.

Во неодамнешните жестоки израелски воздушни напади убиен е и Хасан Насрала, лидерот на Хезболах.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патници кршеле стакла за да избегаат од автобус што чадел кај Велес

Следно

Лионел Меси со неверојатен гол го спаси Интер од пораз (ВИДЕО)

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop