Лежеа 50 дена, Филип и Лидија победници на натпреварот во лежење во Црна Гора

October 5, 2023
1 min read

ПОДГОРИЦА (АА) – Натпреварот во излежување, по кој Црна Гора е единствена во Европа и кој оваа година ги собори сите рекорди, заврши по 50 дена, јавува Анадолу.

Овогодишни победници се Лидија Марковиќ и Филип Кнежевиќ, двајцата од Црна Гора, кои лежеа речиси 1.200 часа, што е апсолутен рекорд.

Победниците ќе ја поделат наградата во износ од 1.000 евра, а како што соопштија организаторите, Кнежевиќ „како џентлмен ја препушта медиумската победа на Лидија Марковиќ“.

Натпреварот што се одржува во црногорското етносело Брезна, што се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине, го привлече вниманието на домашната и странската јавност. Практиката од претходните години беше натпреварувањето да трае неколку дена, па до оваа година рекордот во лежење беше 117 часа.

Оваа година учествуваа вкупно 21 натпреварувач од Црна Гора, Србија, Русија и Украина.

Според правилата, натпреварувачите имаа три дневни оброци, како и право да одат во тоалет на секои осум часа. Организаторите најавија заострување на правилата за следната година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш

Следно

Високиот комесар за човекови права на ОН, Турк, остро го осуди палењето на Куранот

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop