Левица со тужба за клевета и кривична пријава против Петар Богојески

July 17, 2025
1 min read

Во врска со срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава на Петар Богојески, актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски, со која без никакви докази се клевети парламентарната политичка партија Левица и се навредуваат нејзините членови, најавуваме ТУЖБА за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против овој владин функционер.

Скандалозните јавни обвинувања дека „Левица убива деца“ (!?) не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови!

Дополнително, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од некој кој со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација, а со тоа и директен креатор на нездравото социјално опкружување, во најмала рака е игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачки.

Политичката злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп, преку негово паушално поврзување со Левица, претставува циничен и безобзирен обид за политичко профитирање врз истиот. Наместо одговорност, гледаме подмолна манипулација со цел дискредитација на политички противници од страна на власта“, се вели во соопштението на Левица.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак

Следно

Тони Михајловски во „Претрес“: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер, тој е послушник кој сам си пукаше во нога

Latest from Blog

Градоначалникот Проданоски: Сакам Прилеп да биде модерен и динамичен град

Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Прилеп, откако убедливо победи во првиот круг од изминатите локални избори, и тој во наредните четири години ќе ја

Дали знаевте зошто возовите немаат безбедносни појаси?

Безбедносните појаси се задолжителни во автомобилите. Авионите, автобусите и минибусите се исто така опремени со безбедносни појаси. Сепак, едно од најбрзите превозни средства – возот – речиси никогаш нема безбедносни појаси, што

Проданоски најави редовни отворени денови за прием на граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како
Go toTop