Левица: Пратеникот Крмов во Чашка против насилието на Шаќири и ДУИ

January 22, 2024
1 min read

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, заедно со советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, денес беа дел од протестите на родителите во општина Чашка, кои подолго време протестираат против самоволието на директорката Елена Николова.

Во продолжение соопштението на Левица:

– Пратеникот, заедно со родителите, три часа протестираше пред училиштето „Тодор Јанев”, каде директорката Николова НЕЗАКОНСКИ се обидува да воведе албанска паралелка. Левица неколку пати алармираше дека не се исполнети законските услови за воведување на албанска паралелка и дека ваквото безаконие на најнеспособниот министер за образование НЕМА да помине!

Наместо министерот Шаќири да обезбеди учебници за учениците и неговото министерство да инвестира во реконструкција на руинираните училишта, каде во мизерни услови учат и Македонците и Албанците – овој функционер на ДУИ единствено што работи е да шири меѓуетнички тензии додека грубо ги прекршува законите.

Пратеникот Крмов на протестот јавно ја истакна поддршката која ја имаат родителите против дивеењето на ДУИ. Директорката Елена Николова беше придружувана од кордон полиција и иако истата се обидуваше со навреди кон присутните да влезе во училиштето – сепак групата родители цели три часа не дозволи Николова да влезе во објектот. Николова за ваквото одработување за ДУИ доби и соодветна награда, па нејзината ќерка се вработи во Просветен инспекторат.

Левица ќе продолжи со сиот свој капацитет да се бори против насилието на амнестираната банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии и нестабилност во Републиката, се вели во соопштението на Левица.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорге Давид остана без пасош и доби мерки на претпазливост за сообраќајката кај Табановце

Следно

За образовните авторитети од „плиткото“

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop